Факт е дека жените ги привлекуваат мажи кои веќе се во врска.
Меѓутоа добро е да се сфати зошто е тоа така.
Жените го сакаат она што не можат да го имаат
Токму како што Ева која посегнала по забранетото јаболко и модерните дами прават слична работа, но со мажите. Што е некој понедостапен-тоа повеќе се посакува.
Тие слушаат убави приказни за зафатените мажи
Партнерот е одраз на нас самите, така што пријателките кои се во врска секогаш ја фалат својата посилна половина. Иако тие толку го фалат затоа што се вљубени, а не затоа што тие се совршени, девојката која е сама мисли дека тој нема маани и би сакала некој таков покрај себе.
Жените сакаат да им се крева егото
Што повеќе му годи на егото од факт дека не само што сте секси, туку сте неверојатно секси. Размислите за тоа: ако мажот ја ризикува својата врска, за една страствена ноќ со друга жена (вас) таа друга жена ќе помисли дека е поубава и од Хелена Тројанска.
Зафатените мажи се посамоуверени
Обрнете внимение кога одите во клуб: мажот кој има најмногу самодоверба, не оној со полн паричник кој цела вечер чести други со пијалак, туку оној кој во некој темен агол ја прегрнува својата поубава половина. А таа изгледа така вљубено.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















