Еве зошто состаноците во 50-те се подобри од оние во 20-те

1558

4. Не ви е потребен маж за да ви стави прстен на раката

Поголемиот дел од жените над 50-тата година веќе биле во брак барем еднаш и можеби биле невеста на голема свадба. Затоа, во овој период, жените не ни помислуваат повторно да облекуваат бел фустан.

Голем дел од луѓето на 50+ возраст, кои имаат развод зад себе, не размислуваат повторно да стапат во брак. Но, никој не вели дека не сакаат долга и стабилна врска, Сепак, изборот е ваш. Кога сте биле во 20-тите години од животот, најверојатно бракот ви бил од најголемо значење. Сте имале притисоци и од семејството и од околината да најдете момче и да создадете семејство.

Но, во периодот над 50 години, таквиот притисок едноставно го нема. Можете да живеете заедно со својот партнер, можете да водите одвоен живот, сите опции се отворени.

5. Мажите над 50-тата година се поголеми кавалери

Да не го заборавиме фактот дека не се само жените се тие кои во текот на животот собираат искуство и знаење. Истото се случува и кај мажите. Д-р Џоел Блок, секс терапевт, вели дека мажите над 50-тата година се „понежни“.

Како што поминуваат годините, тие стануваат поопуштени во делот на сексот и повеќе внимаваат на себеси и партнерката. Како што стареат луѓето стануваат попаметни и ги доведуваат речиси до совршенство своите љубовни вештини.

Затоа дами, не очајувајте, напротив искористете го знаењето и искуството и излезете од својата удобна зона. Отворете ги можностите и искористете ги сите патишта кои се отвораат пред вас. Можете да најдете пријатен партнер и љубовник, со кој ќе уживате.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.