Еве зошто состаноците во 50-те се подобри од оние во 20-те

1508

2. Немате желба и очекувања да засновате семејство

Во овој период од животот се чувствувате многу релаксирано затоа што не размислувате за деца и семејство и мажите не ги гледате како потенцијални татковци на вашите идни поколенија.

Во доцните 20-ти, биолошкиот часовник почнува да отчукува посилно, а тоа создава голем притисок кај жените. Но, затоа жените кои имаат 50+ години се сосема слободни по тоа прашање. Поголемиот дел од жените до таа возраст веќе ги имаат одгледано децата, кои се возрасни и самостојни луѓе.

Исто така, голем е процентот на жени кои се финансиски самостојни, па затоа единствено што им треба е друштво на пријатен и шармантен човек. Фокусирајте се на забава.

3. Имате искуство со врските

До петтата деценија од вашиот живот, веројатно сте биле во брак или во неколку врски, во кои сте имале можност да ги развиете комуникациските вештини со партнерите и да научите како се гради еден однос.

Сега повеќе не се плашите гласно да кажете што не ви се допаѓа и да водите квалитетни разговори поврзани со вашата врска. Знаете дека мирните разговори, размислувањето и овозможувањето меѓусебна шанса за себеизразување се начини за надминување на одредени прашања и проблеми кои можат да се појават меѓу вас и партнерот.

Можете да се сетите на вашата прва бурна расправија со момчето во младоста?

Веројатно имало неизмерно многу драма – сте изнакажале многу погрдни зборови, избувнавте, ја треснавте вратата и многу други бурни реакции. Но, тогаш сте го немале сегашното искуство за тоа дека дискусиите се водат на еден мирен начин, јасно искажување на вашите мисли и компромис. Со 50+ години знаете кое однесување не е прифатливо за вас, знаете како да ги решите најголем број од проблемите и кога е потребен компромис за да се врати задоволството во заедничката врска.

Продолжува на страна 3