Еве што ќе ве прави да бидете незапирливи

1254

Ова се навиките со кои ќе направите големи промени

Будете се порано

Поставете си цел да се будите седум дена по ред порано за да можете да создадете нова навика, притоа имајте на ум дека денот ќе ви биде подолг и на тој начин ќе можете да ги остварите сите обврски, а да не бидете во трка со времето. Ако немате обврски тогаш искоритете го плус времето за спортување.

Пијте повеќе вода

Штом ќе се разбудите, напијте се чаша вода, тоа ќе и помогне побргу да се расоните. Навиката на внесување на вода одржувајте ја и во текот на целиот ден. Пиењето на доволно вода ја одржува нашата витка линија, ја прави кожата здрава и убава и ја подобрува работата на мозокот.

Запишувајте ги вашите цели секое утро

Константното запишување секогаш ќе ве потсетува на што не треба да заборавите и кои се вашите примарни цели. Со тоа што секое утро ќе го почнете со пишување, вашиот мозок ќе почне да ги менува вашите гледишта а иднината и ќе се фокусира кон нивно остварување. Во пишувањето внесете и емоција. Колку повеќе емоција, толку поголеми се шансите за остварување на вашите цели.

Исклучувајте го телофонот почесто

Времето кое го поминувате не гледајќи во вашиот телефон ќе ви помогне да почнете да живеете во реалноста и во сегашниот момент. Освен што се запоставувате самите себе, вие ги запоставувате и луѓето околу вас, а доколку сте родите го давате најлошиот пример за вашите деца. Децата уште од млади години треба да се учат дека важни се вистинските односи со луѓето, а не односот со технологијата.

Практикувајте прошетки

Испитувањата покажуваат дека прошетките овозможуваат зголемување на креативната инспирација. Многу познати и успешни личности како Марк Зукемберк и Стив Џоб можевме да ги забележиме како нивните креативни состаноци ги извршуваат во одење. Оваа активност не само што го чисти вашиот ум и му дава свежи идеи, таа е добра и за одржување на вашето здравје.

Ставете приоритет на вашиот живот и обврски

Кога акцентот го ставате на вашиот живот, тогаш во целост ќе бидете посветени на обврските и целите кои ќе ве направат подобра личност. Ако некоја работа не ја правите во ментот, тоа не е поради што немате време , туку поради тоа шѕто таа работа не ви е приоритет.

Елиминирајте ги сите непотребни обврски

Заштедете си го времето така што ќе ги отфрлите обврските кои ви се сосема непотребни во вашиот живот. Кога ќе ја применувате техниката на запишување на приоритетите секое утро, полесно ќе можете да приметите кои работи не се ваши приоритети.

 Станете повеќе имагинативни

Животот треба да биде забавен, а не мачење. Колку сте повеќе реативни и со поголема имагинација, толку повеќе ја развувате вашата емоционална интелегенција. Некои истражувања покажале дека поголемиот дел од луѓето имаат „фиксиран“ ум, односно дека никогап не пробуваат да направат нешто „надвор од кутијата“. Ако вие сте едни од тие тогаш вашата имагинација не е доволно развиена.Пробајте да замислувате, па дури и ако вашите замислени проекции не ви изгледаат премногу опстварливи. Имагинацијата ќе ве направи ментално и емотивно флексибилни.

Креирајте повеќе врвни искуста

Врвните искуства се нови и големи. Тие вклучуваат гледање на светот од друга страна. За да доживеете врвни искуства потребно е се впуштате во нови искуства. Тие се случуваат кога ќе излезете од вашата конфортна зона, односно кога експериментирате. Врвните искуства не треба да бидат ретки. Превземајте ризици и целете кон најдоброто. Тие ќе ја зголемат вашата имагинација и ќе ги рашират очекувањата за вашата иднина.

Задлабочете го Вашиот однос со родителите

Длабоката врска со вашите родители е една од најфундаменталните работи за промена во вашиот живот. без разлика колку изгледате силни однадвор, ако ја немате остварено оваа врска тогаш вашата емоционална стаблност е на прагот на распукување. Многу често се случува врската со родителите да биоде токсична и неподнослива, па доколку се најдете во ваква ситуација, пробајте да им простите и да гледате на позитивната страна. Продлабочувањето на врската со вашите родители не само што ќе ви помогне на вас, туку ќе им помогне и на родителоте а ги подобрат своите личности.

Продолжува на страна 3