Еве што ќе ве прави да бидете незапирливи

1254

Инвестирајте повеќе во организации во кои верувате

Успехот и среќата се ненамерни “несакани ефекти” кои доаѓаат од посветеност на нешто во што навистина верувате.

Фокусирајте се на прогрес повеќе отколку на времето

Не треба да го мерите вашиот живот врз основа на тоа колку долго трае нешто. Наместо тоа, треба да го измерите вашиот живот врз основа на тоа колку далеку се стигнале.

Фокусирајте се на целта повеќе отколку на самиот процес

Процесот е средство кое со кое ја постигнувате целта. Целта го одредува процесот, а не обратно.

Фокусирајте се на вештините што ги поседувате, наместо на пасијата што ја имате

Наместо да ја барате вашата страст или да барате совршен “процес”, одлучете што сакате да направите, или верувате дека треба да направите, а потоа одете кон целта. Знајте ги вашите вештини и корестете ги за да ја постигнете целта.

Фокусирајте се на односи повеќе отколку на пари

Животот е за “кој” знаете, повеќе од “што” знаете. Со други зборови, вие би можеле да ги имате сите вештини и способности во светот, но ако не можете да работите добро со луѓе, вашите шанси за успех се далеку намалени. Меѓутоа, ако имате вештини и научите како да ги користите тие вештини за да им помогнете на вистинските луѓе, вашиот успех ќе се зголеми.

 Фокусирајте се на фамилијата а не на минливите пријателства

Едноставно кажано, потребни ви се длабоки и здрави врски со семејството и блиските пријатели за да бидете успешни во животот. Ако немате семејство, тогаш изградете едно.

Фокусирајте се на креативност наместо на потрошувачка

Креативноста е трансформација, бидејќи таа вклучува имагинација и правење на работи кои не сме сигурн дека ќе успеат. Тоа подразбира откривање на една нова страна од себеси кон другите во обид за создавање на врски.

Фокусирајте се на развој а не статус

Голем дел од луѓето се грижат премногу за својот статус во општеството. Тоа е поглешно.

Развојот често доаѓа на штета на статусот

За да растеш, треба да го ризикуваш статусот и успехот на твоето минато за нешто ново и подобро.

Фокусирајте се повеќе на учење, отколку на забава

Ако се трудите да направите големи скокови во вашиот живот, со сигурност ќе бидете „избркани“ од вашата конфот зона и ќе почувствувате огромен стрес. Но, ако научите да го менаџирате тој стрес и да бидетре емотивно флексибилни тогаш ќе дојде до огромни трансформации во вашиот живот.

Фокусирајте се повеќе на инвестиции отколку на трошоците

 Ништо не е трошок. се е инвестиција. Кога животот ќе почнете да го гледате како инвестиција, тогаш ќе можете повеќе да се фокусирате на него и на главните цели.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.