Започнувањтое на денот со заматен поглед од замор и неговото завршување со исцрпеност до несвестица е нешто со што многу луѓе се соочуваат секојдневно. Општо земено тоа се знаци на хроничен замор и недостаток на енергија.
Постојат неколку работи што можете да направите за да се наполните со повеќе енергија од утрото до вечерта.
Избалансирајте ја вашата исхрана и фокусирајте се на зеленчукот, овошјето, ореви, житарици и семиња.
На луѓето на кои не им се случувало да поминат недела во јадење на наведената храна ќе им е тешко да поверуваат со какви големи количества енергија полнат тие. Ако диетата е балансирана, енергетските нивоа значително се зголемуваат.
Заборавете на јадењето на нога на брза храна, полупроизводи и сендвичи.
Колку повеќе вежбате, толку повеќе енергија ќе имате
Спротивно на верувањето дека тренинзите исцрпуваат, специјалистите се категорични дека физичката активност полни со нови сили и енергичност.
Мастите се корисни во умерени количини
Не ги избегнувајте мастите. Многу луѓе тоа го прават, бидејќи се плашат дека ќе натрупаат килограми преку внесот на масти. Знаеме дека злоупотребата на заситените масти исто така може да доведе до зголемување на нивото на лошиот холестерол.
Но, со корисните масти не е така. Не грижете се да јадете незаситени масти. Инсистирајте на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Тие му носат енергија на телото.
Нивоата на соли и железо во организмот се поважни од содржината на шеќери
Познато е дека јаглехидратите носат ненадеен наплив на енергија. Но, дефицитот на железо во крвта, кон кој жените обично имаат тенденција, може да ве направи доста уморни и апатични.
Недостатокот на витамин Б12 исто така влијае на енергетските нивоа.
Недостатокот на добар сон порано или подоцна го нарушува природниот циклус
Си легнувате подоцна, станувате рано, се вртите ноќе, станувате до тоалет, тешко заспивате – сето ова се акумулира и влијае врз енергијата. Мозокот и телото имаат потреба од континуиран 8-часовен сон, со кој ќе ги наполните “батериите”.
Смартфонот го заматува умот и ве забавува
Ако страдате од недостаток на енергија, смартфонот може да има вмешано прсти во оваа работа, дури и да ви звучи чудно. Ограничување на активностите со смартфонот до 15 минути на ден значително го подобрува нивото на енергија.
Ако не верувате, можете да се обидете.
Утврдете рутина
Кога организмот ќе се навикне на одредена рутина, тој знае што да очекува. Стресот влијае исклучително негативно на сите нивоа. Кога ќе успеете да изградите добра рутина, нивото на стрес значително се намалува. Организмот дистрибуира процеси, па започнува да работи како добро подмачкана машина. Следствено на тоа енергијата ви се зголемува.