Еве како пасивноста ве спречува и ви ги заматува целите

1502

Како пасивните луѓе комуницираат?

1. Нивниот јазик е несигурен и неодлучен. „Во ред, може да биде така некако.“ Обидете се да практикувате директен и јасен говор. Обрасците на говорот се обична навика и можат да се сменат.

2. Постојано бараат одобрувања. „Се надевам нема да ти смета тоа што ќе го кажам…“ Ако сите други кои се вклучени во разговорот даваат сугестии и мислења, а вие барате дозвола за нешто да кажете или предложите, можете да дадете слика на слаба и помалку вредна личност.

3. Ги омаловажуваат своите ставови. „Можеби грешам, не сум експерт, но можеби…“ Започнувањето разговор со изјава дека можеби не сте во право ќе ги доведе другите учесници во разговорот до заклучок дека најверојатно и не сте во право. Вие на тој начин им отежнувате да го прифатат тоа што сакате да го кажете.

4. Имаат проблем да се одлучат. „И двете опции имаат смисла…“ Можеби се обидувате да го намалите потенцијалниот конфликт со неподдржувањето на која било од опциите кои се пред вас, но поради тоа изгледате неодлучно или како да се плашите да направите избор. Ако имате мислење, изразете го.

Како пасивните луѓе им ги препуштаат работите на другите?

1. Потребите на другите ги ставаат на прво место. „Можам да јадам и десерт, но ако сакате да си одиме, ќе си одиме.“ Преку овој начин на комуницирање велите дека потребите на другите личности се поважни од вашите, што веројатно не е вид на општата динамика којашто сакате да ја воспоставате.

2. Велат „да“ кога повеќе би сакале да речат „не“. „Морам рано да станам утре, но се разбира дека можам да те испратам.“ Сметате дека личноста која ви е драга ќе се навреди ако кажете „не“, но тоа навистина зависи од начинот на кој тоа го кажувате. Можете да бидете искрени, но секогаш нагласете ги своите потреби и нивната важност.