Добрата работа е што постојат методи и совети што можеме да ги искористиме со цел да ги подобриме нашите способности како слушатели.
Ѕирнете кои се најчестите грешки и видете дали се наоѓате меѓу оние што редовно ги прават.
-
Емотивно го онеспособувате соговорникот
- „Не драматизирај!“
- „Мора да се шегуваш!“
- „Е, сигурно не е толку лошо.“
- „Ти си секогаш толку емотивен/емотивна.“
- „Сигурен/сигурна си дека не претеруваш?“
- „Кој е твојот проблем?“
- „Сè уште се вознемируваш за таа случка? Но, тоа беше толку одамна.“
Сите овие изјави сосема ги занемаруваат чувствата на другиот и се познати под заедничкото име на емотивно онеспособување, што е една од најчестите форми на емотивно насилство. Ние несвесно емотивно ги онеспособуваме нашите деца, партнери, колеги, пријатели и соседи. Ваквиот пристап кон соговорникот ја убива неговата самодоверба, креативност и индивидуалност. Трауматизира и повредува. Може да уништи пријателства и врски. Но, сепак, сите го правиме тоа и го искусуваме на наша кожа. Ние емотивно се обезвреднуваме бидејќи на тој начин ја олеснуваме нашата анксиозност во друштво на емотивни луѓе, но и реално, бидејќи никогаш не сме ги вежбале способностите за слушање и комуникација.
Како да се подобрите?
Пред да се сретнете со соговорникот, размислете дали сте расположени за слушање. Ако не, презакажете ја средбата. Бидете свесни за своите внатрешни реакции кон соговорникот. Дали сте анксиозни? Дали чувствувате дека вие треба да го решите проблемот? Дали сте комплетно таму во текот на разговорот? Размислете за начинот на кој одговарате. Емотивното онеспособување е скоро секогаш автоматско и несвесно.
Продолжува на страна 2



















