-
Вие „активно“ слушате
Сите знаат што е активно слушање. Тоа е кога некој ги повторува или парафразира зборовите што вие сте ги кажале. Станува збор за манипулативна и неавтентична алатка која не смирува, туку доколку не е правилно искористена може само уште повеќе да ве изнервира.
Како да се подобрите?
Слушањето не е разбирање на зборовите, туку разбирање на чувствата. Слободно игнорирајте ги зборовите. Сите имаме природна способност да ги препознаеме и слушнеме емоциите. Бидете тивки внатре во себе и дозволете им на емоциите на соговорникот да навлезат во вас. Тогаш рефлектирајте ги емоциите, а не зборовите. Можете да го прашате соговорникот за неговите чувства, и не се плашете ако погрешите, тие самите ќе ве исправат, кажувајќи ви што навистина чувствуваат. Можете и да употребите метафори, да му покажете на соговорникот дека сосема ја разбирате неговата или нејзината емотивна состојба.
-
Го вртите разговорот кон себеси
Често ги користите следниве реченици?
- Она што јас мислам дека велиш е…
- Ова мене ми звучи како…
- Ова што го кажуваш ме прави да се чувствувам…
Доколку ги користите овие реченици, тогаш вие го туркате сопственото его во разговорот. Со други зборови, не слушате, сакате да се зборува за вас и вашиот впечаток од кажаното.
Како да се подобрите?
Употребувајте „ти“ наместо „јас“. „Ти мора да се чувствуваш…“ може да ви звучи чудно на почетокот, ама со тек на време ќе видите дека крши многу бариери меѓу вас и соговорникот. Паркирајте го своето его во гаража и влезете во разговорот сосема внесени во соговорникот, а не во себеси.
-
Вие ги поставувате сите прашања
Дали некогаш ви се случило да прашате некого дали е нервозен и потоа самите да си одговорите: „Да, нервозен/нервозна си“. Повторно, не го оставате соговорникот да се искаже, вие зборувате во негово или нејзино име.
Како да се подобрите?
Бидете свесни за својата улога во разговорот. Не му ставајте ваши зборови во устата на соговорникот.
Ќе знаете дека сте станале добар слушател кога вашиот соговорник ќе почне несвесно да клима со глава или да искажува согласување. Тогаш ќе може да здивнете и да увидите дека тактиките што ги споделивме со вас, работат и ви помогнале


















