Тврда столица | Знак дека не внесувате доволно течности

514

Со оглед на тоа што човековото тело е сочинето од 75% течност, и тоа што дневните потреби за течност сe речиси редовно поголеми од тоа што просечниот човек го внесува, организмот често се бори со проблемот со недостаток на течности.

Воедно, ако прашате кој било фитнес експерт која е најчестата грешка која се прави при вежбањето, одговорот ќе биде дехидрацијата т.е. недоволното внесување течности.

Недостаток на течности го загрозува функционирањето на нашиот организам, го спречува правилниот психофизички развој и негативно влијае на севкупното здравје. Доколку забележите некои од овие најчести симптоми на дехидрација, веројатно е време да преземете нешто.

Главоболка

Вашето тело постојано губи вода. Тоа значи дека истовремено губите натриум и калиум, кои се наоѓаат во течностите кои ги губите. Ова губење на соли всушност го менува хемискиот состав во вашата крв. Вашиот мозок е особено чувствителен на овие промени, а оваа чувствителност може да се манифестира со главоболка.
Колку повеќе течности губите, толку повеќе опаѓа волуменот на крв, што предизвикува помалку кислород да доаѓа до вашиот мозок. Ова, пак, предизвикува ширење на крвните садови што води го главоболки и влошување на истите.

Изразито жолта урина

Грозно, нели? Но, вистинито. Причината поради која ова се случува е тоа што урината е концентрирана со отпад. Кога вашето тело е добро хидрирано отпадот се исфрла на поефикасен начин. Но, кога не сте доволно хидрирани, отпадот не се исфрла редовно, се складира во телото и се исфрла концентрирано.

Имате тврда столица

Повторно, грозно. Но, повторно вистинито. Причината е донекаде слична. Водата му помага на отпадот да се движи низ цревата, и да се исфрли од телото. Но, ако немате доволно течности, процесот на обработка на храната е отежнат од првиот момент, а потоа не може ефикасно да се исфрли од системот. Оттука и појавата на затвор, или тврда столица.