Еве како да ги откриете ГМО преоизводите

951

Иако ГМО производите не се обележани, Калтонови велат дека постои трик кој може да ви помогне да го идентификувате ГМО овошјето и зеленчукот.

Еве го застрашувачкиот факт – ефектот од генетски модифицираната храна врз човечкото тело никогаш не е научно оценет – но 80% од нашата запакувана храна содржи ДНК-манипулирани состојки.

За да бидат работите уште полоши, генетски модифицираната храна не е означена како таква, што го отежнува напорот да ја избегнете. Барањето за означување на таква храна е отфрлено со помош на гигантските производители на храна.

Научниците генетски модифицираат култури, со цел да се подобри отпорноста на растенијата на штетниците, да се зголеми приносот и да се намали време на зреењето. Проблемот е во тоа што не знаеме како овие намирници влијаат на нашето здравје, бидејќи не постојат објавени резултати од истражувањето за влијанието на таквата храна врз човечкото тело и здравјето.

“Истражувањата не се направени, па сега ние станавме заморчиња. Секој кој вели: “Ние знаеме дека храната е совршено безбедна” – или е неверојатно глупав или намерно лаже”, истакна канадскиот генетичар Дејвид Сузуки.

Џејсон Калтон, нутриционист, кој студирал на Харвард и Јеил, коавтор на книгата “Богата храна, сиромашна храна” со неговата сопруга Мира, исто така, нутриционист, ги нагласува потенцијалните опасности од ГМО производите.

Нивниот совет е да се држиме до органски, свежи намирници или до оние кои се одгледуваат локално, а да ги избегнуваме ГМО производите. Запомнете дека индустријски добиено млеко, месо и риба често потекнуваат од животни хранети со ГМО пченка, луцерка или соја.

Иако ГМО производите се обележани, Калтонови велат дека постои трик кој може да ви помогне да го идентификувате ГМО овошјето и зеленчукот. Побарајте го бројот на етикетата на производот, кој се нарекува ПЛУ (Product Lookup Number). Ако ПЛУ е четирицифрен број, почнувајќи со 3 или 4, тоа значи дека производот не е ГМО, но потекнува од фарма која користи хемикалии и пестициди.

Ако бројот на налепницата има пет цифри почнувајќи со 9, тоа значи дека производот е органски, одгледуван без хемикалии, пестициди односно генетска модификација.

“Можете со мирна совест да ги купите овие намирници”, вели Калтон.

Но, производите означени со петцифрен број кој започнува со 8 се ГМО култури.

“Тие се неприродно одгледани со употреба на генетска модификација.”

Со оглед на фактот дека ГМО производите се широко распространети и чести, и не се означени, речиси е невозможно да ги избегнете сосема.

Сепак, следново овошје и зеленчук ретко генетски се модифицира: кромид, ананас, авокадо, грашок, аспарагус, манго, модар патлиџан, киви, диња, зелка, сладок компир, грејпфрут, лубеница и печурки.

Следниве производи имаат далеку поголема шанса да бидат генетски модифицирани: јаболка, целер, пиперки, праски, јагоди, нектарини, грозје, спанаќ, зелена салата, краставици, боровинки, компири, боранија, кељ, портокал, пченка, тиквички, цреши и лути пиперчиња.