Фирмите полесно ќе им овозможат на работниците да работат од дома
За време на вондредната состојба, вообичаен е начинот на работа од дома, но и кога ќе заврши епидемијата некои фирми можат да им дозволат на своите вработени ваков начин на работа.
„Еднаш кога фирмата и нивните вработени ќе видат дека работењето од дома не е само потребно, туку може да биде и попродуктивно, тоа може да доведе до големи промени во деловните области низ целиот свет“, вели Анџела Еш, маркетинг менаџер.
Ќе најдеме нов начин на притискање на копчињата
Дури и пред коронавирусот, многу луѓе беа свесни за количеството на бактерии на секојдневните јавни места, како што се банкоматите, кваките, копчињата во лифтот. Некои експерти препорачуваат луѓето да почнат да ги притискаат копчињата во лифтовите со лакт или со пенкало наместо со прст.
Директното допирање со прсти ќе остане во минатото.
Крај на нудење грицки?
По коронавирусот веројатно во баровите нема да има повеќе чинии со кикиритки или слични грицки. Покрај тоа, луѓето со претпазливост ќе гледаат и на баровите каде што се служат салати и слично.
Луѓето посериозно ќе го сфаќаат својот личен простор
Социјалното дистанцирање е неопходно во борба против ковид-19. Но, многумина по пандемијата ќе бидат повнимателни кога ќе им се приближуваат непознати луѓе и ќе се трудат да држат доволно растојание како би избегнале различни зарази.
Продолжува на страна 4



















