Познатите се простуваат од Драган Вучиќ!

505

Не може, а да не ви надојдат солзи на очите ако денеска ги читате социјалните мрежи каде илјадници луѓе се простуваат од легендата на македонската музичка естрада Драган Вучиќ.

Секој што го познаваше Драган барем малку или пак тие што имаа среќа да соработуваат со него имаат само најубави зборови за човекот кој повеќе 25 години успешно пловеше во водите на естрадата…

Тешко е да се каже дали Драган беше подобар како композитор, пејач или шоумен, но важно е дека за многумина тој беше голем човек..

Дека Драган имаше луѓе што навистина го сакаа и го ценеа она што го правеше изминатите години, говорат и овие пораки за последно збогум кои ги видовме на социјалните мрежи.

Венко Филипче

“Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските.”

Љупчо Мирковски меѓу првите се огласи на својот ФБ профил.

За жал , ја изгуби битката . Почивај во мир другарче мое.

Gepostet von Ljupcho Mirkovski am Montag, 4. Mai 2020

ДАРИО со своите фанови се простија од великанот на македонската музика.

Почина Драган Вучиќ. Име и презиме, мој драг пријател, одличен музичар, автор на безвременски хитови, харизматичен…

Gepostet von Dario Pankovski am Montag, 4. Mai 2020

Бојана Скендеровска

Ти,Драган, беше институција,но не те почитувавме…сите ние можевме да учиме од тебе како се работи телевизиската…

Gepostet von Bojana Skenderovski am Montag, 4. Mai 2020

Џокси цитираше дел од песната Свирете ја зајди зајди …

Свирете ја зајди зајди тивко полека,
мене ми е таа песна гледам судена,
чашате е преполна ме задушуваа,
душата е уморна и ме напушта.

Валентино Скендеровски

Нека ти е светол патот Вукле. Почивај во мир! 🙁

Gepostet von Valentino Skenderovski am Montag, 4. Mai 2020

Горан Алачки

R. I. P. Dragan Vucic. Pocivaj vo mir moj Zvrle…

Gepostet von Goran Alachki am Montag, 4. Mai 2020

Елена Велевска

Другар….Ми помогна кога започнував,беше првиот кој ми даде шанса и со тебе го заработив првиот хонорар.Беше и ќе…

Gepostet von Elena Velevska am Montag, 4. Mai 2020

Панчо од ДНК.

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и…

Gepostet von Vladimir Blazev am Montag, 4. Mai 2020

„Патувај Вучко, нека ти е светол патот, почивај во мир …и да…не заборавај да го поздравиш татко ми“ – напиша Лила Филиповска.

View this post on Instagram

Крај на една ера 💔💔💔 не постои подобар начин да се одаде почит кон ликот и делото на еден човек како Драган Вучиќ. Неговиот ведар дух, непресушен оптимизам и желба за работа вечно ќе бидат запаметени од луѓето кои го познаваа. А тој , тој си го живееше животот како што тој сакаше…со песна, дружба, забава….јас знам дека истото ќе го прави и таму каде што е сега некои работи никогаш нема да се сменат. Патувај Вучко,нека ти е светол патот ,почивај во мир …и да…не заборавај да го поздравиш татко ми 🙏🙏🙏💔💔💔 Искрено сочувство до Весна и Мартин 💗

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Каролина Гочева

Почивај во мир чичко Драган… ❤️https://youtu.be/Hi97kryOFJc

Gepostet von Karolina Goceva am Montag, 4. Mai 2020

Тамара Тодевска

Почивај во мир Драган. Беше еден и единствен. 😢

Gepostet von Tamara Todevska am Montag, 4. Mai 2020

Почина Драган Вучиќ