ДРАМА НА ХАЛКИДИКИ | Македонски туристи однесени од морска струја, ангажирани хеликоптери во спасувачка акција (ВИДЕО)

1469

Пристанишните власти на Халкидики трагаат по двајца државјани на Македонија кои исчезнале во морската област Посиди.

Локалните медиуми јавуваат дека на плажата „Мити“ пливале туристи. Крајбрежната стража спасила од водата еден државјанин на Македонија, додека потрагата по други двајца се уште е во тек.

Како што јавува грчката телевизија „Скај“, исчезнатите го прославувале роденденот на плажа, потоа скокнале во водата, а јаката морска струја ги однела, пишува „Блиц“.

Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три брода на крајбрежната стража.

Во областа Позидија дува ветер од 5 до 6 степени бофор.