Во поправен дом долго време поминав гледајќи ги луѓето на кои не сакав да личам. Забележав едно момче кое седи подгрбавено и помислив: „Не сакам да бидам таков‟. Научив да седам со исправен грб. Внимателно гледање ми помогна да донесам исправни одлуки.
Во затворите има многу дислексични луѓе. Има многу и меѓу архитектите. Статистиката вели дека денес јас би морал да бидам во затвор: црн, возрасен во погрешен дел од градот, во растурено семејство, во судир со законот од мали нозе, практично не знае да чита и пишува, нема никакви квалификации и над се е дислексичен. Верувам дека ниту еден човек не мора да заврши во затвор, ако успее да ги победи стравовите и да го најде својот пат.
Во затворите сретнував мажи и жени чија интелигенција и другите способности не се разликуваа од моите. Ги икористив приликите кои ги имав, а тие своите веројатно ги пропуштиле или не ги ни забележале.
Никогаш не мислев дека сум глупав. Со тоа не морав да се носам. Ако човек кој одлично чита и пишува вели дека црните луѓе се дивјаци, знам дека тој е глупавиот, а не јас. Верував во себе.
Песните од првата книга ги раскажував на девојката, а таа ги запишуваше. Книгата добро помина, посебно во црната заедница. Пишував „wid luv‟ наместо „with love‟. Никој не рече дека песните се дислексични, сите мислеа дека пишувам фонетски.
Кога наполнив 21 година се запишав на курс за пишување и читање во Лондон. Наставничката ми рече дека сум дислексичен. Ја прашав: „Дали ќе морам да се оперирам‟? Таа ми објасни што значи тоа и ми текна: „Да, тоа е тоа. А веќе мислев дека полудувам‟. Продолжив да пишувам песни, романи за тинејџери и разни други книги и да правам музика. И денес кога треба да напишам „јазол‟, морам да застанам и да размислам како се пишува. Понекогаш цртам нешто што ќе ме потсети на тој збор кој ми е потребен. Ако не можам да се сетам како се пишува „прашање‟ ставам знак прашалник и подоцна се враќам на тоа место.
Прво што забележувам кај книгите е нивната дебелина. Знам дека тоа исто го прават младите луѓе на кои читањето тешко им оди. Кога Универзитетот Брунел ми понуди да предавам поезија и креативно пишување, знаев дека моите студенти ќе бидат формално по образовани од мене. Секогаш им зборувам: „За добра оценка на овој курс доволна е добра меморија, но без страст, креативност и индивидуалност оценката не вреди многу‟.
Денес луѓето се подготвени да ја прифатат мојата дислексија. Поезија можам да зборувам пред публика и не морам да ја повторувам секогаш на ист начин, збор по збор, но никогаш јавно не читам, не би ми останало енергија за ништо друго.
Ако луѓето околу вас не можат да сфатат што е дислексија, тоа е нивен проблем. Ако луѓето околу мене имаат проблем со бојата на мојата кожа, нема поради тоа да почнам да размислувам како да станам бел. Тоа е нивен проблем, а не мој и тие треба да го решаваат.
Ако сте дислексични и ви се чини дека нешто ве спречува, не заборавајте: тоа не сте вие. Дислексијата на многу начини е човекова природна состојба.
Читањето и пишувањето се неприродни. Кога ќе погледнете сликовно писмо како што е кинеското, ќе го препознаете знакот бидејќи за жена личи на жена. Знакот за софа личи на софа. Како од слики сме стигнале до овие знаци кои претставуваат гласови?
Затоа не си замерувајте на себе.
Ако сте родител на дислексично дете, не мислете дека тоа е недостаток. Дислексијата не е мерка за интелигенција: можеби вашето дете е гение. Дислексијата луѓето ги прави креативни. Кога составувате реченица и не можете да го најдете вистинскиот збор, мора да смислите друг начин да се изразите. Тоа бара креативносто и го јакне „креативниот мускул‟.
Децата понекогаш ми приоѓаат и ми велат: „И јас имам дислексија‟. Јас им одговарам: „Тоа значи дека светот го гледаш поинаку; искористи го тоа како предност. Ние дислексичните луѓе го можеме тоа, ние сме архитекти, дизајнери‟. Некогаш ми се чини дека се горди поради тоа што сме слични. Ако тоа им помага, одлично. Јас немав поддршка како дете. Затоа велам: „Проклети недислексичари, што се замислувате, кои сте вие‟?
Гардијан – Лондон
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















