Диета за мирен сон | 5 намирници, кои без грижа на совест можеме да ги јадеме пред спиење

929

Ако мислите дека за успешно губење на тежината треба да бидете гладни пред да одите на спиење, се лажете. Тоа нема да ви помогне да ја изгубите телесната тежина, ќе бидете нервозни и на крајот најверојатно ќе земете некои видови храна кои не се добри за вас. Затоа, подобро е да се почестите пред спиење со залак составен од намирници, кои не само што нема да го отежнат губењето на тежината туку ќе ви помогнат и да ослабнете.

1. Свежо сирење

Некои претпочитаат кравјо, други козјо, а ниту со други варијанти на свежо сирење (урда) нема да згрешите. Можете да ја јадете само неа или да ја намачкате на крекери од цели зрна. Свежото сирење е богато со протеини и аминокиселини кои помагаат во губење на тежината.

2. Мисиркино месо

Стек од мисирка со лисната салата или сендвич со мисиркино и леб од цели житарки сигурно ќе ја задоволи гладта. Мисирката е одличен избор за оброк пред спиење, поради тоа што не содржи многу калории и масти, а ги задоволува сите потреби по протеини и месо.

(Овесната каша е најдобра и најздрава алтернатива за различни снегулки кои се полни со вештачки шеќери).

3. Грчки јогурт

За многумина, тој е повкусен од стандардниот јогурт, а при тоа содржи многу помалку калории. Тој е богат со пробиотици кои ги смируваат цревата, го подобруваат варењето и со тоа го олеснуваат губењето на тежината. Во него можете да додадете овошје по ваш избор, а одличен избор се боровинките, бидејќи се полни со антиоксиданси. Ако немирното варење ви создава проблеми за време на спиењето, грчкиот јогурт ќе го смири дигестивниот систем и затоа експертите им го советуваат на луѓето кои сакаат да изгубат тежина.

4. Овес

Омилен појадок лесно може да стане вечера. Овесна каша е најдобрата и најздрава алтернатива за различни снегулки кои се полни со вештачки шеќер. Благодарение на голем број хранливи материи содржани во него, поради кои сигурно ќе ја задоволите гладта, нема да ви падне тешко на стомакот и лесно ќе се вари.

5. Зелен зеленчук

Повеќето од зелениот зеленчук содржат многу малку калории, но, исто така, и богатство на протеини, па затоа брзо создава чувство на ситост во стомакот. Значи, нема да згрешите ако јадете зелен зеленчук по ваш избор пред спиење. Тоа можат да бидат разновидни лиснати салати или запечена брокула. Вие, исто така, можете да направите смути од кељ, блитва или спанаќ.