Покрај тоа, студијата, која во 2006. година ја објавиле Verplanken и Wood од Универзитетот Дјук покажала дека повеќе од 40% од сите работи кои луѓето ги прават секој ден не се, всушност, поради рационалните одлуки, туку само е прашање на навика, а тоа е така и со децата.
Родителите треба да бидат свесни дека детето ќе учи од нив и ќе создаде свои навики, гледајќи ги нив. Ако, е на пример, родителот постојано изложен на социјалните мрежи, не го испушта телефонот од рака ниту за време на прошетка или семеен ручек или пак неговото одење на спиење е незамисливо без мобилен телефон, а сето тоа детето го гледа, не е реално да се очекува од детето да ги следи правилата и забраната за користење мобилен телефон кои му ги изрекува неговиот родител.
Но, од друга страна, учењето може да биде многу позитивно. Најдобар пример е читањето книги. Читањето книги силно влијае врз севкупниот развој на децата, од говор, до збогатување на речникот, па се до вежбање на концентрацијата. Ако детето гледа дека родителот често посегнува по книгата и оди во библиотеката, или денот го завршува со читање, и самото ќе сака да ѕирне во книгите.
За да избега од лошите навики на децата, родителот треба да тргне од себе.
Исто така, ако детето гледа дека родителот е многу приврзан кон животните или стари и болни лица, тоа исто така, ќе се здобие со навика на такво однесување кога и да се најде во таква ситуација.
Што можат да направат родителите?
Она што сметаме за позитивни или негативни навики зависи единствено од рутинската активност која ја усвоивме и колку таа придонесува или го отежнува квалитетот на животот и целите кои ги имаме.
Ако родителот открие дека навиките и однесувањето на детето треба да се променат или да почнат да ги сметаат за негативни по самовоочувањето, мора да тргне од себе.
За да се променат навиките, неопходно е свесно и дисциплинирано следење и разбивање/кршење на компонентите, за да можеме полесно да ја контролираме и да ја промениме. Најчесто моделите на однесување кои се повторуваат буквално се врежани во нашата неврологија. Но, сè може да се промени, па така и нашето однесување, а со тоа и однесувањето на нашите деца.
Како што понатаму продолжува, клучот на промената е во свесен увид
Вие можете само да го смените она што свесно сте одлучиле да го промените. Следете и набљудувајте кои се знаците на околината кои ги активираат вашите рутини. Ако не ги препознавате компонентите на навиките, нема да знаете ниту што да промените.
Понатаму, поддржете се во дисциплината со уверување дека ќе бидете поефикасни со текот на времето, и како долгорочно ја правите промената за доброто на своите деца.
Бидете им на децата пример за тоа како да стекнат вистински пријатели и научите ги како да ги разликувате од токсините, и бидете тука за нив и научете ги на важни животни вредности.
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















