Ако забележите некој од следните симптоми – тргнете на детоксикација
Желбата за шеќер

Исхраната која е богата со шеќер и преработената храна, прави телото да се однесува како да е на возење по тобоган, бидејќи брзо го зголемува и намалува шеќерот во крвта и може да влијае на хормонот лептин (одговорен за глад), што резултира луѓето да посегнуваат по нездрава храна. По детоксикација, телото закрепнува.
Нарушувања во варењето на храната
Ова е еден од очигледните знаци дека на телото му треба детоксикација. Запек, дијареа (пролив), надуеност и ветровите не се само непријатни, туку, исто така, се јасен знак дека не се храните како што треба и дека на цревата им е потребно “ресетирање”.
Склоност кон сезонски алергии
Ако цревниот microbiot не е избалансиран, тоа значи дека имунитетот е лош. А бидејќи синусите се продолжение на дигестивниот систем, логично е дека здравјето на дигестивниот тракт влијае на сезонските алергии.
Јадете здраво, но не се чувствувате така
Иако јадете здраво тоа не значи дека понекогаш не треба да направите детоксикација. Преку отстранување на одредени видови храна за некое време ќе им даде на вашите црева пауза и така ќе отстраните штетните токсини од телото и ќе го зајакнете.
Кожата не е чиста
Кога во телото ќе се насоберат токсини, тоа може да влијае на послаба работа на црниот дроб (кој е главен орган за детоксикација). Бидејќи преку кожата преку потењето, исто така, се исфрлаат токсините од телото, сите тие токсини можат да се покажат на површината на кожата во форма на акни, осип и воспалителни процеси.
Продолжува на страна 3


















