Клучната разлика во производството на двата вида млеко доаѓа од генотипот на кравата, бидејќи постојат две варијанти на бета-казеин протеинот во типовите А1 и А2.
Пред неколку години, жителите на Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Холандија и некои други земји можеле да избираат помеѓу два вида млеко – постоечкото млеко А1 и новата формула А2. Клучната разлика во појавата на двата типа доаѓа од генотипот на кравата, бидејќи постојат две варијанти на бета-казеин протеинот во типовите А1 и А2.
Овие варијанти се развиваат поради разликите во гените кои го одредуваат производството на протеини во млекото. Кравите кои ги имаат и двете А1 алели на истиот пар хромозоми ќе произведуваат млеко А1. Оние со двата алели А2 ќе произведуваат А2 млеко, а оние со двата алели на А1 и А2 ќе произведат мешавина од А1 и А2 млеко. Дали кравата произведува А1 или А2 млеко може да се утврди со ДНК анализа на влакна или примероци од крвта.
Објаснувајќи ја разликата помеѓу споменатите типови, важно е да се спомене дека во млекото постојат два вида протеини – казеин и протеин од сурутка. Протеинот од сурутка е познат како протеин кој брзо се вари, а казеинот се нарекува и протеин со бавно варење. Околу 80 проценти од млечните протеини се казеин, додека протеинот од сурутка главно содржи протеини кои помагаат во подобрување на нашиот имунитет (lactoglobulin, lactalbumin и immunoglobulin). Од друга страна, казеинот има различни сродни варијанти, од кои главни се А1 и А2.

Неколку студии сугерираат дека А2 бета-казеинот е неспоредливо поздрав од А1 бета-казеинот. Зошто?
Млекото А1 го зголемува ризикот од аутизам
Некои теории сугерираат дека А1 бета-казеинот може да биде фактор на ризик за дијабетес тип 1 и коронарна срцева болест. Оваа протеинска варијанта е поврзана и со варењето после пиење млеко. По варењето, протеинот А1 се претвора во бета-казоморфин-7 (BCM 7), за кој се верува дека е причина за сите овие негативни ефекти, при што се смета дека пептидите како BCM-7 играат улога во развојот на аутизмот и синдром на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS).
Сепак, според организацијата Светски ден на млекото, која е основана пред 20 години од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, доказите кои укажуваат на негативните ефекти на протеинот А1 се недоволни. И покрај недостатокот на веродостојни научни докази, неколку млечни компании ширум светот почнале да продаваат исклучиво млеко А2, тврдејќи дека е подобро и нема негативни ефекти.
Млекото А2 го намалува ризикот од артериосклероза
Млекото А2, за разлика од млекото А1, лесно се вари и нема несакани ефекти. Содржи високо ниво на омега-3 масни киселини, кои помагаат да се исчистат наслагите на холестерол во крвните садови, а со тоа се намалува ризикот од артериосклероза. Исто така, млекото А2 содржи цереброзиди, за кои е познато дека дополнително ја зајакнуваат функцијата на мозокот. Металниот стронциум во А2 млекото го зајакнува имунитетот и го штити организмот од штетното зрачење, а според некои теории, протеинот А2 во кравјото млеко има антиканцерогени својства.
Покрај тоа, една кинеска студија покажа дека млекото А2 доведува до значително помала дигестивна непријатност. Сепак, луѓето кои имаат нетолеранција на лактоза мора да се воздржат од употреба на млеко А2 или какви било млечни производи.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















