Да Винчи | Кодот на плодноста

2455

Обожавателите на Ден Брауновиот Да Винчиев код лесно ќе се потсетат на професорот Langton и неговото појаснување на поимот златен сооднос, на бројот со кој се допираат математиката и уметноста.

Златниот сооднос или божествената пропорција е ирационална математичка константа, која изнесува 1,6180339887. Од ренесансата, многу уметници и архитекти во својата работа ригорозно воделе сметка за односот на големините за нивниот сооднос да биде поблиску до златниот сооднос, верувајќи дека така ќе се постигне совршена убавина и хармонија. И денес се верува дека убавината и привлечноста на Мона Лиза произлегува од пропорцијата усогласена со златниот сооднос.

Златнит сооднос често го среќаваме во природата. Тој е содржан во пропорциите на идеалното човечко тело. Значи со ставање во сооднос димензијата на тупаницата и подлактицата, но и распонот на испружените раце спрема висината на тело, доаѓаме до броотј 1,618.

Законитоста на златниот сооднос е вклучена и во димензиите на спиралните редови на семките од сончогледот, на спиралната структура на школката nautilus, во структурата на ананасот, карфиолот.
Златниот соодносот е исто така корисен во шифрирањето на компјутерските податоци.

Едно неодамнешно истражување на белгискиот гинеколог Jasper Vergutsa покажало, дека златниот сооднос може да се види и во структурата на матката.

Во едно истражување спроведено во Универзитетската болница Leuven во Белгија со ултразвук беше одредена големината на матката на пет илјади жени од различни возрасти. Измерена е должината и ширината на матката, пресметан е соодносот на овие величини и беше определена просечната вредност на соодносот,коефициентот за млади жени, оние од средната и постарата возраст.

Се испостави дека во најплодниот период на жената, соодносот на должината спрема ширината на матката има вредност која се совпаѓа со златниот сооднос и изнесува 1,61.

Мерењето покажа дека односот се менува со текот на животот. Тој е околу 2,00 во раните години од животот, а во староста се намалува до вредност од 1,46. Само во времето на најголемата плодност на жената на возраст меѓу 16 и 20 година, односот се совпаѓа со златниот сооднос.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk