Се мислев, од каде да почнам за да ви биде појасно, по разбирливо, знаејќи дека доста од вас немате доволно познавање од древново слоговно писмо и јазик кое ние го работиме.
Цел ден денес, додека правев некои мои дневни активности ми доаѓаа идеи како да почнам да ви пишувам и од тие идеи пола заборавив, пола ми се измешаа.
Ајде да пробам вака!
Сабајлево гледав едно видео на ју-тјубов, со македонско оро, и гледам, ороводецов зема шамиче, марамче, го врти, дава знак, дава команди, во ритамот на почетокот на музиката, да се фатат за орото и другите. И како останатите се фаќаат за орото, ороводецот со своите “команди“ преку марамчето, дава ритам, дава насока, дава стил, како се игра орото. И сите во тој стил и тие команди, гледајќи го него, играат под негова “команда“.
Па нели е тоа остаток, приказ, на начинот на војување во тогашните големи битки? Битки каде преку команди кои се спроведувале преку мавтање на знамиња, се спроведувале стратегии, се пренесувале пораки? Нели визуелно се давало знак, преку мафтање со знамиња да се тргне или не во акција?
Епа таа воена стратегија, тој начин на комуникација помеѓу тогашните коњаници, пешадии, преку начинот на движења кои го имале одредени воени единици, зарем се’ тоа не е отсликано во ората кои и ден денес ги играме а не знаеме што и како се создадени. Пулсирањето при играњето на орото, мислам на моментот кога сите фатени за рака, одиме прво малку нанапред кон центарот па наназад, како што ротираат и пулсираат во замислена тродимензионална оска и слоговниве знаци во писмово, односно како што ротираат согласките, но секогаш во круг (како сонцето, нашиот симбол) еден до друг, сите заедно, нели тоа го отсликува единството и организираноста на нашите предци?
Размислете, северниве народи низ европа , со валцерот или пак пример полката, каква традиција имаат во танцот? Играат еден на еден, како пар само, без посебна унифицирана стратегија, исто како и што се бореле.
Но да не должам за тоа, да се вратам на ороводецов и марамчето!
Епа тоа марамче е посочување на ЗНАМЕТО.
Со знамиња, одредени чети, комуницириле и си давале команди помеѓу себе, кој кога да нападне, кој кога да се повлече, кој да чека. Сите тие команди и стратегии ги поставувал “ороводецот“.
Затоа, Тешкото, Копачка, или други ора, не се ни печалбарски ни земјоделски како што денес ве лажат музиколозиве, туку се приказ на воени стратегии, меморија, опис, пресликан од битките, од колено на колено кај македонецот, низ ритам и музика, како традиција.
Ајде да видиме “официјалниве“ што велат за терминот ЗНАМЕ?
Од каде тој збор, како кај нас се зачувал во таа форма на изразување. Да ги видиме најпрво нивните аргументи и тези:
Etymology
PROTO-SLAVIC
ETYMOLOGY
NOUN
БЉАК!
ЗНАМЕ, е термин , оставштина, од слоговното, З(Ѕ)е На Ме, “Гледај на мене“, со глаголно дејство , кога треба да гледаш во МОЕТО ЗНАМЕ и да знаеш што да правиш при битките. Значи таа направа е како предмет најпрво, симбол на секоја единица за распознавање. Не е унифицирана, туку е реакција, насока, глаголно дејство, но ние денес сме измамени дека терминот “знаме“ е само предмет.
Е сега, едно е знаме, друго е терминот симбол.
Низ еволуцијава на јазикот, графемата (гласот-самогласка) “Ѕ“ преминала и преминува несвесно ( по наша вина) и ден денес полека во “З“. Се повеќе млади денес велат ЗИД а не ЅИД, или ЗВЕЗДА, а не ЅВЕЗДА, сум пишувал порано во пост и за ЗЕМЈА а не го користиме ЅеМиА , ЗИД а ЅИД (од Ѕемиа-плитар) и т.н….
Ова долу, црвеното, со сонце шеснаесет крако, на сликава, ни е симбол, како што биле пример и симболите на сите воени единици на распознавање во битките. “Ороводецот“- генералот, или пример царот на Аце трети, Или Филип, или мојот идол Аце први, требало визуелно да ги надгледува воените формации, кој каде е поставен според задачите, командувал преку “веењето, мавтањето“ на знамиња кој како да “игра“.
Па зар традицијата таква не останала и до ден денес во воените формации и чети? Зар секоја нема свое знаме? Но ова на сликава , со сонцето, не ни е воено, туку “политичко“, поточно од тоа време, РОДОВНО ЗНАМЕ, кое прикажува колку родовни фамилии се вплотени под нашиот симбол сонцето. Колку се приоритетни (осум) а колку се второстепени (другите осум, помалите). Од толку родовни заедници, било составено ЦАРСТВОТО. Едно време, официјалното знаме на царството покрај родовните фамилии (зраците) во средината со сино , биле посочени дванаесет (капки) околу сонцњето, додека во друг период биле десет. Но за тоа во друга прилика, да не губам време сега, да се вратам на темава.
Мислам дека, со ова малку писание, ви посочив околу терминот ЗНАМЕ кој денес го користиме а не знаевте од каде е. Да преминам и за соодветниот термин СИМБОЛ.
Баталете тоа прото-турски изведни, БАЈРАК, и да ги земате како постари. ЗА тоа во друга прилики, како БО станува во тие источни народи или во Египет, БА.
ЗНАМЕ е едно, СИМБОЛ Е друго.
СИМБОЛ
Да видиме што официјалниве ќе кажат за него:
Фала – пријатно засега!
Додаток – појаснување!
При читањето на лигатурава на сликава со слоговново писмо, поисправна варијанта е да се чита “На Ме Ѕе“ што би значеко сосем нешто друго, во многу подруги варијанти, но сега за оваа прилика вака ви го преставив за да ви биде поразбирливо и да полесно го разберете.
Ѕе На Ме !
ЅеНа Ме !
ЅнаМе !
Ѕнаме !
Знаме !



















