Борбата на Германците и Американците за Трепча …
Иако северот на Косово не им е сектор, тука (со јаки снаги на КФОР) пристигнаа и Американците и Германците. Во името на Америка, за Трепча се бори амбасадор на оваа земја во Приштина, Christopher Dell, а за Германија лобира лично канцеларката Меркел, која од Србија бара да се откаже од провинцијата и да го признае независното Косово. Кој ќе победи во оваа игра уште не се знае: судејќи по најавите дека Американците ќе се повлече од Косово, со Трепча би требало да “стопанисуваат“ германско-француските компании, меѓутоа, постојат најави дека Американците ќе одат само од Бондстил, кој постепено ќе го пополнат Турците, но ќе го зголемат своето присуство во базата Noting hill во близина на Лепосавиќ, каде што на око ќе ги држи и рудните суровини во оваа област.
Шпекулациите ги отфрли командантот на американските сили во рамките на КФОР, потполковник Jeffrey Leyten кој изјави дека американските сили нема толку брзо да се повлечат од Косово. Во моментов во Косово има 1.477 американски војници во составот на КФОР, и имаат за цел првенствено да ги заштитат американските компании и воените интереси на Вашингтон во регионот. Официјално, Трепча и денеска работи, но никој не знае точно како и колку. Дури кога, пред исвесно време во Вучитрн заробени камиони на Евро-коп од Рашка, кои превезуваа концентрат на олово и цинк од Лепосавиќ во Швајцарија, се дознало дека во дел од Трепча, кој е под српска контрола, се ископува, делумно преработува, а по нешто се извезува. Според неофицијални информации, истиот концентрат се извезувал во Бугарија и Црна Гора (Лука Бар), а од таму во неколку други земји.
Намален капацитетот на рудниците, се додека не се стабилизира состојбата
Во Лепосавиќ работат рудниците Црнац и Бело брдо со намален капацитет, особено откако минатото лето беа затворени Брњак и Јариње, работи и флотацијата Копаоник во овој град. Директорот на Трепча Јован Димкиќ никогаш не објаснил како тоа функционира оваа компанија и под чија контрола, а со ова прашање, барем јавно, не се занимавале ниту КФОР, ниту ЕУЛЕКС, ниту пак Хашим Тачи покажувал повеќе интерес за преземање на Трепча, бидејќи знае дека рудното богатството е плен на оние кои го донеле на власт и не ги допира нивните интереси. Странците сакаат прво да ја стабилизираат ситуацијата во северниот дел на Косово, да воспостават цврста граница со Србија и да обезбедат функционирање на граничните премини.
Косовскиот вицепремиер Behgjet Pacolli се обидува Трепча да ја продаде на принцот Michael од Кент. Се верува дека Пацоли на Косово е дојден само од причина да тргува со богатството во кое Србија има инвестирано милијарди долари. Пред Втората светска војна, Британците долго време ја експлоатирале Трепча и извлекле голем профити од неа. Во Приштина не кријат дека најинтересни им се: Трепча и рудниците (Стари трг, Бело брдо, Црнац, Копорица), браната, езерото и хидроцентралата Газивода во близина на Зубин Поток, трафостаницата Валац во близина на Звечан … Цел овој имот во Приштина сметаат дека е во сопственост на државата Косово и сакаат со продажба де исполнат празната каса, но и да го “вратат долгот” на Медлин Олбрајт, Весли Кларк, Кристофер Дел, Вилијам Вокер и на други, кои сега се појавуваат како сопственици или претставници на големи компании кои сакаат да го купат најголемиот енергетски капацитети во покраината.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 5


















