CIA | Еве зошто Косово вреди двапати повеќе од Србија

6760

Супертајните “адути”: Ретки минерали за висока технологија

Резервите на лигнит се проценуваат на 8,3 милијарди тони со уште 10 милијарди потенцијални резерви, кои треба дополнително да се испитаат. Под Супертајниот адут се подразбираат ретките минерали: индиум, кадмиум, германиум, талиум и галиум. Овие ретки минерали се користат во високотехнолошката индустрија, поради што многумина веруваат дека овие потенцијали се главната цел на “белосветските” компании.

Експлоатацијата на олово-цинковните руди се врши од неколку рудници. Со јамска експлоатација активни се рудниците Бело брдо, Стари трг, Ајвалија, Кишница, Ново брдо, Бадовац и Жута прла, а додека површинска експлоатација има во Копорица и Кишница II.

Специјални летала бараат злато, никел и хром

Независната Косовска комисија за рударство и минерали (ICMM) ги претстави првите резултати од воздушното геофизичко истражување на Косово. Насер Пеци, заменик-директор на ICMM, истакна дека истражувањето покажало дека Косово има неочекувано висок степен на потенцијал во секторот за метали и минерали. Особено големи резерви на злато, никел и хром се наоѓаат под површината на Косово. Повеќе отколку што се мислело. Но, исто така, алуминиум, бакар, железна руда и резерви на олово-цинк. Истражувањето започнало во септември 2006 година.

Специјално дизајнираните летала со ниски летови собираа геофизички податоци низ цео Косово, вклучувајќи магнетни полиња, електромагнетни и гама зраци. Студијата беше спроведена од страна на заедничка Воздушна геонаучна група (Joint Airborne Geoscience Capability) составена од експерти од Финска, од институцијата за геофизичко истражување (Geological Survey of Finland) и британската институција на геолошки истражувања (British Geological Survey).

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 4