Подгответе го овој сочен посен колач …
Потребно
- 30 лажици брашно
- 20 лажици шеќер
- 25 лажици масло
- 35 лажици вода
- 1 и 1/2 прашок за пециво
- 200 гр кокос
За прелив
- 50 гр какао
- 50 гр посно чоколадо
- 1 дцл вода
- 200 гр маргарин
- 150 гр шеќер
Потребно
- Измешајте ги брашното со прашокот за пециво. Додадете го шеќерот, маслото и водата. Изматете ги сите состојки со миксер.
- Сипете ги во подмачкано тавче со масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печен колачот. (Боцнете ја чепкалката во колачот и ако ја извадите сува тогаш колачот е печен и извадете го од рерна.)
- Сега направете го преливот: во тенџере на рингла загрејте ја водата и додадете ги шеќерот и какаото во прав. Откако ќе се стопи шеќерот додадете го чоколадото и маргаринот. Мешајте да се добие изедначена маса.
- Кога колачот ќе се излади исечете го на коцки. Секоја коцка ставете ја посебно во растопеното чоколадо убаво да впие од течноста и потоа увалкајте ја во кокос.