Членови од Универзалната декларација за човекови права

4111

Членови од Универзалната декларација за човекови права

Член 1.

Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.

Член 2.

Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.

Член 3.

Секој има право на живот, слобода и сигурност.

Член 4.

Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.

Член 5.

Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

Член 6.

Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот

Член 7.

Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.

Член 8.

Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.

Член 9.

Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.

Член 10.

Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.

Продолжува на страна 3