БОЛЕСТ НА 21 ВЕК | Поради сината светлина од екранот, за неколку години можете трајно да ослепите | Офталмолог советува три начини на заштита

1271

Сината светлина што доаѓа од екранот е штетна за нашето здравје и може да доведе до трајно слепило.

Кога последен пат сте погледнале во поставките на телефонот за да видите колку долго сте го користеле? Кај помладите генерации бројките можат да бидат и до неколку часа.

Некои студии покажуваат дека повеќето луѓе поминуваат повеќе од шест часа дневно пред екрани, било да се тоа компјутери или мобилни телефони.

Сината светлина е штетна

Сината светлина што ја испуштаат е многу штетна, без ние воопшто да го сфатиме тоа. Тоа може да доведе до долгорочно оштетување на видот. Офталмолог објаснува што всушност е сината светлина, колку го оштетува видот и дали можеме да се заштитиме од неа.

„Сината светлина постои и во природната сончева светлина, но не во иста мера како во вештачките извори. Количината на сина светлина што влегува во окото не е природна. Кога имаме извор кој има премногу сина и виолетова светлина, вклучена на краток рок можеме подобро да ги видиме екраните, но долгорочно може да предизвика проблеми кај некои пациенти“.

Офталмологот истакнува дека сите екрани имаат повеќе сина светлина. Со телефонот имаме можност да го вклучиме ноќното светло при што исклучуваме додавање сина светлина, но преку ден во таква поставка не можеме добро да го видиме екранот, објаснува докторот и додава дека таму се два спектра на светлина – ултравиолетова и сина што може да им наштети на луѓето.

Формирање на катаракта и жолти дамки

„Ако има многу ултравиолетова светлина, како на пример на планина, луѓето што живеат таму ќе имаат поголем процент на катаракта. Виолетовата и сината светлина немаат толку многу енергија за да предизвикаат катаракта. Сепак, енергијата на сината светлината на окото за 10, 20, 30 години може да го поттикне развојот на жолтата дамка. Ова значи дека жолтата дамка (макулата) на окото престанува да функционира правилно и може да доведе до трајно слепило.”

Како што посочува, на ова се најподложни оние кои веќе имаат жолта дамка во семејството. Покрај тоа, присутен е и спазам. Се јавува како резултат на работа од непосредна близина и долго гледање во мобилни телефони и компјутери.

Како да се заштитите

Офталмологот посочува дека спазамот е болест на 21 век и советува како да се заштитите:

  • На прво место ја истакна „хигиената“ на однесувањето. Доколку вашата работа бара работа на компјутер, офталмологот ве советува почесто да правите кратки паузи, наместо да гледате внимателно во екранот неколку часа.
  • Второ, потребно е да ја намалите изложеноста на сина светлина со помош на „ноќниот режим“ што можете да го поставите на вашиот мобилен телефон и задолжително да го ограничите времето поминато на него.
  • Трето, жолтеникавите стакла на очилата помагаат во заштитата од сина светлина. Исто така, не треба да ги занемарувате превентивните прегледи, барем еднаш годишно.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.