БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ! Домашните миленичиња можат да бидат извор на зарази за вас, еве и кои најчесто!

1470

“Секако дека не”, вели Вилкинг, наведувајќи многубројни истражувања кои покажуваат дека миленичињата се корисни за здравјето на сопствениците кои се позадоволни од својот живот отколку оние без домашни миленици, тие повеќе се движат шетајќи ги и имаат повеќе социјални контакти.

Додека заедничкиот живот со кучињата и мачките е традиција која трае илјадници години, чување на егзотични рептили е модерно само во изминатите неколку децении. Последица на ова е зголемување на инфекциите со салмонела кај децата, бидејќи повеќето змии и гуштери ги отфрлаат овие бактерии во изметот. Инфекцијата со салмонела може да предизвика сериозна дијареа.

“Рептилите не треба да се чуваат во детски соби, бањи, а особено во кујни”, вели Френк Мутшман, ветеринар од Берлин.

Глодарите не претставуваат сериозен ризик за здравјето, вели Максимилијан Рејсшел, научник на Универзитетот во Хановер.

Но, зајаците можат да пренесат инфекции на горниот дел од респираторниот систем предизвикани од бактеријата Pasteurellom multocids. Хрчакот често е заразен со тропски штакорски грини чии каснувања можат да предизвикаат црвени чворчиња со гној кај луѓето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.