
Зошто би умирале преку повеќедневното постење кога долгорочно можете да ги постигнете истите резултати со гладување. Ако скромната исхрана ја практикувате со денови, процесот на автофагија се активира секој ден сè порано и порано, т.е. за многу помалку часови.
Кога ќе го изедете последниот оброк, да речеме една вечер, по 12 до 16 часа, мозокот ќе испрати информации до клетките тие да започнат да се хранат со протеини кои ќе ги пронајдат во организмот.
Ако таков вид на исхрана практикувате подолг временски период, таа сатница ќе се намалува, бидејќи на вашето тело постојано му недостасуваат протеини.
За среќа, сега сфаќам дека откако добив тинитус, ѕунење во ушите, добив аудио сигнализатор дека го уништувам моето тело со прејадување и отрови, и дека е време да се опаметам.
Кај многу луѓе, сигнализаторот не се појавува, а резултатот е или некоја сериозна болест или ненадејна смрт, претежно доцни.
Д-р Осуми, меѓу другото, открил и со научен експеримент потврдил дека процесот на автофагија навистина делува. Затоа потенцирам дека ова вистинска наука е потврдена експериментално, без дилема.
Идентификувани се два сензационални откритија поврзани со самиот процес на рециклирање. Откриено е дека самиот процес на автофагија е примарен и одговорен директор на стареењето, и дека староста како старост изгледа како изгледа токму заради бавноста во процесот на автофагијата.
Продолжува на страна 5


















