Истражување
Со цел да се испита корелацијата помеѓу атријалната фибрилација и ризикот за деменција, научниот тим надгледувал 2685 шведски испитаници шест години. Просечната возраст на субјектите на почетокот на студијата била 73, и никој не страдал од деменција, но девет проценти страдале од атријална фибрилација.
Учесниците на студијата кои биле на возраст од 78 на почетокот на студијата биле прегледани по шест години, а оние постарите од 78 биле прегледани на секои три години. Во текот на истражувањето атријалната фибрилација се развила кај 279 лица, а до крајот на студијата, деменцијата се појавила кај 300 испитаници.
Од 2163 испитаници без атријална фибрилација, кај 10 проценти, се појавила деменција. Од 522 испитаници со атријална фибрилација, кај 23 проценти се појавила деменција.
Послаб доток на крвта и мозокот
Истражувачите, исто така, откриле дека земањето антикоагуланси кај луѓето со атријална фибрилација го намалило ризикот од деменција во споредба со оние со атријална фибрилација, кои не биле под терапија против згрутчување на крвта.
Додека 22 проценти од пациентите со атријална фибрилација, кои не биле под терапија на антикоагуланси, развиле деменција, во групата на оние со атријална фибрилација, кои земале антикоагуланти, 11 проценти се развиле деменција.
Динг објаснува дека луѓето со атријална фибрилација може да претрпат големи или мини мозочни удари кои на крајот го зголемуваат ризикот од деменција, додавајќи дека, исто така, е можно атријалната фибрилација да го намалува протокот на крвта во мозокот и да резултира со исхемија на мозокот, која за возврат го забрзуваат когнитивниот пад и предизвикува појава на деменција.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















