Во согласност со Извршната одредба од 1993 година, претседателот Бил Клинтон создаде Претседателски совет за одржлив развој за да ја доближат Агендата 21 на ОН до јавноста, преку федералната влада.
Познатиот американски писател и историчар д-р. Џон Колмен, поранешен оперативец на разузнавачките служби во својата книга “Комитетот 300”, наведува кои се точките по кои се оди да се воспостави Нов светски поредок, на кој му е депопулацијата, односно отстранувањето на вишокот на населението, примарна цел.
Главните точки на Агендата 21
1. Создавање Нов светски поредок со една светска влада и нова црква односно религија, која би требало да послужи за манипулација со луѓето и нивната слободна волја која се развива првенствено преку духовноста.
2. Уништување на националниот идентитет, обичаите, вредностите, а особено националната гордост. Ова е една од главните цели со кои ќе се промовира глобализацијата.
3. Уништување на верата, особено на католиците – со ширење на New Age.
4. Трансхуманизам – чипирање и преминување кон виртуелниот свет преку кој човештвото ќе биде подложено на невидена манипулација и ментално програмирање.
5. Уништување на индустријата. Ќе се создаде нова компјутерска подвижна индустрија со роботски работници, со тоа што тешкото производство ќе се пресели во сиромашните земји, што треба да резултира со зголемување на зависноста и намалување на бројот на жителите во земјата.
6. Декриминализација и легализација на сите дроги со порнографијата, кои ќе бидат презентирани на човештвото како “уметност”. Тоа ќе се прошири на сите општествени нивоа. Целта на оваа точка е да ги наведат луѓето да се самоуништат по принципот: “Ако некој е доволно глупав да се уништи со дрога, нека се уништи”.
7. Депопулацијата во големите градови – по модел на политиката на Пол Пот во Камбоџа, која како нацрт настанала од перото на Римскиот клуб неколку години претходно.
Продолжува на страна 2
 
                


















