32% oд разводите се поради невработени мажи

1718

Кога се прашуваме што би довело до развод треба да имаме предвид неколку работи за кои е речиси сигурно дека го демолираат бракот.

Такви се на пример домаќинските задолженија и поделбата на обврските, неверствата… Истражување на Универзитетот Харвард, сепак нè турка во друга насока – дали мажот има работа со полно работно време.

Според податоците на истражувањето објавено неодамна во American Sociological Review, хетеросексуалните парови доживуваат за до 32% повеќе сериозни проблеми во односите меѓу себе, кога мажот има многу слободно време.

Податоците се собирани во текот на 45 години (1986 – 2013), а за целите на истражувањето биле интервјуирани 6 300 брачни двојки.

Излегува дека има значење и кога сме во брак. Ако среќниот датум некогаш бил пред 1975 година, сопружниците од тоа време се соочуваат со потешкотии кога машката половина нема да биде на работа, сметаат научниците.

Кај овие парови најголем процент од разводите се токму поради дневните обврски. Чувството за идентитет на една жена поминува низ обврските во домаќинството – да биде добар готвач, мајка и домаќинка.

Но, денес се повеќе жени работат напорно и гонат кариери што го менува нивното чувство за идентитет. Годините по 75-та исто така се менуваат. Семејните обврски веќе се поделени на две, за буџетот се одговорни двајца.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2