32% oд разводите се поради невработени мажи

2316

Чиниите во мијалникот сепак остануваат голема причина за вознемиреност. Бидејќи жените се ангажирани во службите, на нив не им останува време да завршат сè – да ја исчистат бањата, да ја пуштат машината.

Факт е дека домаќинството се смета за целосно женска работа. А, кога еден маж има време, бидејќи работи на пример на 4 часовен работен ден или е невработен, последното нешто со кое би се зафатил, е чистењето.

“Членовите на” новите “семејства ги затегнуваат односите, кога мажот е или невработен, или не е доволно ангажиран”, пишуваат истражувачите. Семејните стереотипи многу сериозно ги мачат денешните парови.

Друг проблем со слободниот маж е неговото чувство на задоволство. Кога не прави ништо тој би можел да западне во депресија, бидејќи се чувствува како непотполна тежина во бракот.

“Можеме многу да зборуваме по прашањето дали загубата на работно место може да доведе некого до депресивни состојби или било какви други психолошки трауми”, вели социологот од Харвард и автор на студијата проф. Александра Килевалд.

Но, според неа е многу можно чувството за идентитет на мажот да е директно поврзано со неговата работа. Во овој ред на мисли евентуалната промена (отказ) може да покаже и долготрајни повреди на бракот и семејството.

Иако жената денес е прифатена како еднаков член на општеството заедно до мажот, таа се соочува со нова катаклизма – вечниот стереотип “тоа е за жени, тоа е за мажи”. А времето не стигнува и за еден ден не може да се заврши сето тоа.

Можеби колку побрзо го сфатиме тоа, толку посилен ќе биде нашиот однос. Бидејќи дневните обврски тежат, тие го напаѓаат семејното огниште.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.