Внимавајте на ова ! Осум необични симптоми кои укажуваат на рак

1418

Во секој случај, доколку забележите некои нови или непознати симптоми, посетете лекар.

Колку побрзо разговарате со вашиот лекар и ги направите тестовите, толку се поголеми шансите да се ослободите од нив.

Иако постои цела низа болести кои предизвикуваат страв кај луѓето, ракот веројатно е таков за кој многу луѓе не сакаат ни да размислуваат. Но, факт е дека се повеќе луѓе во светот боледуваат од него, но и дека многумина ја откриваат болеста само во поодмината фаза.

Една од причините е секако прескокнувањето на редовните лекарски прегледи, со кои би биле откриени симптоми или болест во порана фаза. Но, причината се и невообичаените симптоми кои лекарите често не можат да ги објаснат или да ги поврзат со други болести.

Списанието Health состави листа на необични и малку чудни симптоми кои можат да се појават, а кои можат или не да сигнализираат дека нешто се случува во организмот. Во секој случај, доколку забележите некои нови или непознати симптоми, посетете лекар. Колку побрзо разговарате со вашиот лекар и ги направите тестовите, толку се поголеми шансите да се ослободите од симптомите.

Проблеми со мочниот меур

Во просек, човек уринира шест до седум пати на ден и исфрла до два литра урина од телото. Но, ако одеднаш забележите дека мора да одите во тоалет одвреме-навреме или бојата на урината се променила, можеби не е лоша идејата да разговарате со вашиот лекар.

Уринарните симптоми најчесто укажуваат на инфекција на уринарниот тракт, но може да бидат и симптоми на дијабетес и рак на мочниот меур. Ако забележите крв во урината, веројатно се работи за инфекција или камен во бубрегот. Задолжително посетете лекар за да дознаете што се случува и да се уверите дека се работи за инфекција, а не за рак на бубрезите или мочниот меур.

Грутки или отоци на градите, вратот или пазувите

Понекогаш грутките што се појавуваат се сосема безопасни. Но, доколку не се собираат и се болни на допир, а се наоѓаат на градите, вратот или под пазувите, треба да се консултирате со лекар. Грутките или отоците најчесто се отечени лимфни јазли кои реагирале на бактериски или вирусни инфекции во телото. Но, тие можат да бидат и симптом на некоја посериозна болест. Особено ако, заедно со грутките, чувствувате болка при голтање или пиење алкохол.

Имено, една медицинска студија го опишала случајот на 31-годишен маж кој почувствувал силна болка по неколку голтки алкохол. Биопсијата потврдила дека боледува од Hodgkin’s lymphoma. Имајќи предвид дека оваа болест може да започне каде било во телото, но најчесто во лимфните јазли, треба да се внимава на нивните промени.

Освен тоа, грутките на вратот може да сигнализираат и за проблеми со тироидната жлезда. Особено ако забележите други симптоми, вклучувајќи општа слабост, необјаснето зголемување на телесната тежина, нервоза, раздразливост и забрзано чукање на срцето.

Болки во коските

Со текот на годините во телото се појавуваат „мистериозни“ болки кои можеме да ги припишеме на стареење, недоволно движење или едноставно некаква несвесна повреда. Но, болката во коските може да биде и резултат на инфекција, остеопороза или рак.

Необјаснетите болки во коските, особено оние во ‘рбетот, карлицата и ребрата, може да бидат знак за мултипен миелом или рак на клетките на крвната плазма. Болката во коските во комбинација со треска, замор или губење на тежината може да биде знак за леукемија.

Во секој случај, доколку продолжи, консултирајте се со лекар.

Промени на градите

Секоја промена на градите (и кај жените и кај мажите) сигнализира дека нешто не е во ред. Доколку има исцедок од брадавицата, кој може да биде крвав и само од едната дојка, мора да се консултирате со лекар.

Доколку забележите дека кожата на дојката и самата брадавица е променета, доколку чувствувате чешање, пецкање, првут и лупење, консултирајте се и со лекар. Особено ако во исто време забележите промени во самата брадавица (исцедок, задебелување на кожата, сплескана брадавица).

Исто така, доколку забележите отекување на градите, вовлекување, болка, промени во големината и обликот, посетете лекар. Одредени форми на рак на дојка можат да бидат исклучително агресивни и колку порано се откријат, толку се поголеми шансите за излекување.

Надуеност и болки во стомакот

Повремено чувство на надуеност или абдоминална болка, особено после обилен оброк или повеќе алкохол, не треба да биде причина за загриженост. Но, ако надуеноста и болката се појават во исто време или се придружени со дополнителни симптоми, треба да се консултирате со лекар.

Покрај проблемите со дигестивниот систем, кои можат да бидат резултат на синдром на нервозно дебело црево, тие можат да сигнализираат и за рак на јајниците кај жените. Имено, во ретки случаи предизвикува чувство на надуеност и непријатност во карлицата. Ако веќе имате историја на рак на јајчник во вашето семејство, тоа може да значи дека имате зголемен ризик од развој на болеста и треба да одите на почести контроли.

Промени во гласот

Со возраста, може да има промени во бојата и висината на гласот. Но, ако се појави засипнатост што не поминува, треба да се консултирате со лекар.

Имено, засипнатоста е еден од симптомите на рак на гркланот и гласните жици. Освен засипнатост, симптомите може да вклучуваат болка во грлото, увото, болка при голтање или појава на грутка на вратот.

Доколку не се открие навреме, ракот на грлото може да се прошири на тироидната жлезда, хранопроводникот или душникот.

Спуштен очен капак

Опаѓањето на горниот очен капак (на едното или двете очи) може да биде резултат на стареење, повреда или, во ретки случаи, тумор на белите дробови.

Кај ракот на белите дробови кој започнува во горниот дел на белите дробови, лекарите откриле дека еден од симптомите може да биде силна болка во рамото, спуштен очен капак, стеснета зеница, но не и кашлица. Токму поради неговата положба на врвот на белите дробови, може да се прошири и на блиското ткиво, како што се пршлените и ребрата.

Болка во увото

Повремените болки во увото не се ништо необично, но кога увото постојано боли и нема знаци на инфекција, тоа може да значи дека проблемот воопшто не е во увото, туку во устата. Имено, долготрајната болка во увото е поврзана со орален карцином. Ракот кој се појавува во усната шуплина или на коренот на јазикот, а при неговото ширење влијае на нервите, поради што човекот може да почувствува болка во увото.

Доколку болката во увото трае со недели, а нема знаци на воспаление или инфекција, би било добро да направите дополнителни тестови за да ја дознаете причината за болката.