Иако голем број претходни инфекции се поврзани со сексуална активност, се истакнува дека вирусот може да зарази секого.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можното ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите големи собири планирани ова лето во Европа.
„Потенцијалот за понатамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, рече Hans Henri Kluge, регионален директор на СЗО за Европа.
Сепак, Kruge смета дека фестивалите и другите настани планирани во следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „подигнување на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедниците“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.
Kruge тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Ова е нумерички и географски најголемото ширење на овој вирус надвор од Западна и Централна Африка, област каде што мајмунските сипаници се ендемични.



















