ОВА Е ЗНАК ЗА ОПАСНА ФОРМА НА РАК – Доколку забележите вакви ПРОМЕНИ на ноктите веднаш реагирајте

3824

Дејствувајте на време!

Промените на ноктите често се еден од симптомите на разни нарушувања во организмот, кои во повеќето случаи можат да бидат безопасни, но во еден може да укажуваат на многу тешка здравствена состојба – субунгвален меланом, кој обично се појавува како затемнети ленти кои се протегаат надолжно (перпедикуларно за кожата). Приближно половина од овие ленти се кафеави, сини или црни, додека другата половина не е пигментирана.

Тоа е ретка форма која се јавува на кожата под ноктите.

Д-р Раџ Каран објасни дека појавата на темни ленти на ноктите може да биде предизвикана од инфекции, несакани ефекти од лековите, а може да бидат предизвикани и од траума и згрутчување на крвта.

– Една посебна причина е ретка форма на рак што се јавува кај еден процент од населението кои имаат меланом – предупреди д-р Каран.

Ноктот може да има црна или кафеава лента, да се откачи од лежиштето на ноктите, да крвари, да биде тенок или пукнат и може да има модринка. Кожата околу ноктот исто така може да потемни.

Доколку забележите слична промена, задолжително консултирајте се со лекар, бидејќи таквите промени укажуваат на присуство на болест.

Промените вклучуваат:

  • промена на бојата на ноктите
  • црвенило и оток
  • искривување
  • кревање на ноктите
  • густа и заоблена ноктна плочка

Најчестиот знак за рак на кожата е промена на бенката, пегите или нормалниот дел од кожата. Ноктите кажуваат многу за здравјето на една личност. Зашилените нокти, на пример, укажуваат на проблеми со белите дробови. Тоа е знак за недостаток на кислород во организмот, а може да биде и последица на апсцес на белите дробови или срцеви заболувања.