НЕВЕРОЈАТНО НО ВИСТИНИТО | Нашите уши растат цел живот, а крвта „поминува“ растојание од неверојатни 19.312 км

1101

Иако првично сите би рекле дека одлично ја знаеме работата на сопственото тело, одредени истражувања покажале дека не сме нѝ свесни за некои работи на сопственото тело.

Дали сте сигурни дека ги poзнавате вашите трепки? Вашите уши? Носот? Ноктите? Сопствената усна шуплина? По овие интересни факти повторно ќе размислите

Кога нѝ се кива, мора да киваме, нели? Ако некогаш сте се запрашале колкава е брзината на нашето кивање, одговорот е: 160 km/h.

Истражувањата покажале дека просечниот човек јаде околу 35 тони храна во текот на својот живот.

Ако имате мали уши, овој факт не треба да ве загрижува. Но, ако сè уште не ви се допаѓа големината на вашите уши, можеби сепак ќе бидете малку загрижени. Нашите уши растат дури четвртина милиметар годишно!

Без разлика колку се миеме или се тушираме, сите имаме посебен вид на грини на трепките наречени demodex.

Студијата вели дека едно лице вдишува во просек 20.000 пати на ден.

Во рок од 24 часа нашата крв „поминува“ растојание од неверојатни 19.312 километри. Зачудувачки, нели?

Дали ве учеле дека има четири крвни групи? Според некои научници, има дури 29 крвни групи. Најреткиот подтип е Bombay, кој е вообичаен во неколку семејства во Јапонија.

Дали имате кршливи и тенки нокти? Не ја гледате ни полумесечината на нив? Ова може да биде знак за неисправно функционирање на тироидната жлезда.

Без разлика на правилното миење на забите и усната шуплина, бројот на бактерии во усната шуплина е еднаков на бројот на жители во целиот свет.

Вашето едно влакно е посилно од бакарна жица! Не ви се верува? Обидете се да закачите на неа тег од 100 грама јаболка.

Жените имаат повеќе пупки за вкус на јазикот од мажите.