Позитивна мисла | Умберто Еко

114

Умберто Еко е италијански писател, филозоф-семиотик и медиевист, роден во 1932 година во Алесандро, Италија.

Добитник е на над 30 титули “доктор хонорис кауза“ од различни академски институции во светот.

Еко ги освои засекогаш во срцата на своите читатели подарувајќи им неверојатни дела како “Името на розата”, “Нишалото на Фуко”, “Баудолино” и многу други.

Денес споделуваме некои убави мисли на писателот, кој покрај силата на своите зборови, не успеа да се избори со предавничката болест – ракот.

“Книгата е кревко суштество кое страда од уништувањето на времето, се плаши од глодари и тешки раце. Библиотекарот ги чува книгите не само од човештвото, но исто така и од природата и го посветува својот живот на војната со силите на заборавот.”

“Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден, безбурен … и колку здодевен!”

“Активноста на писателот се состои во тоа да ”создава“ свој читател.”

“Верувам дека она што ние стануваме зависи од она што нашите татковци нè учат во различни моменти во кои не се обидуваат да нè учат. Ние се формираме од мали парченца мудрост.”

“Луѓето цела недела чекаат да дојде петок, цела година – да дојде лето и цел живот – да се среќни.”

“Вистинскиот лик е секогаш еден херој по грешка.”

“Ако не тренираш меморија, стануваш идиот; ако ја збогатуваш, ќе живееш илјади животи.”

“Еден сон е еден стих и многу списи се ништо друго освен соништа.”

“Човек пишува за минатото секогаш со поглед во сегашноста.”

“Храброста е она што те претвора од набљудувач во учесник.”

“Живееме за книгите.”

“Секој факт станува важен кога е поврзан со друг.” – “Нишалото на Фуко”

“Колку убава беше претставата на природата сè уште недопрена од често извртената мудрост на човек!” – “Името на розата”

“Има само едно нешто што пишувате за себе и тоа е листата за шопинг.”