СМРТОНОСНА ТРЕСКА | На жена од Кембриџ и е дијагностицирана опасна болест | Увезен крлеж од Бугарија

2081

На една жена во Кембриџ ѝ била дијагностицирана смртоносна „треска која крвави“ по враќањето од Централна Азија, што е и прв британски случај од 2014 година.

Случај на смртоносна Кримско-Конго хеморагична треска (CCHF) е забележан кај жена во Англија која неодамна се вратила од Централна Азија.

Болеста се пренесува преку крлежи

На една жена ѝ била дијагностицирана болест која се пренесува преку крлежи во Cambridge University Hospitals NHS Foundation Trust и била префрлена во специјализирана болница во Лондон.

Тоа е само трет потврден британски случај на CCHF, кој може да предизвика промени во расположението, збунетост и крварење во очите и е фатален кај дури 40% од заболените.

Здравствените експерти велат дека ризикот за јавното здравје е низок, бидејќи болеста обично се шири со каснувања од крлежи кои не се присутни во ОК и не се пренесуваат лесно меѓу луѓето.

Не е познато каде жената патувала во Азија, но има само уште два потврдени случаи во Велика Британија, едниот во 2012 година, а другиот во 2014 година, увезени од Авганистан и Бугарија.

Во два претходни случаи, во Обединетото Кралство не е откриен понатамошен пренос на болеста. Др. Susan Hopkins, главен медицински советник во Британската здравствена агенција, изјави дека ризикот за јавноста е многу низок.

На пациентот му е дијагностицирана болеста во Cambridge University Hospitals NHS Foundation Trust и добива специјализирана нега во Royal Free Hospital во Лондон.

Ширење на треската

Др. Hopkins изјави: „Важно е да се знае дека Кримско-Конго хеморагичната треска обично се шири со каснување од крлеж во земјите каде што болеста е ендемична, не се шири лесно меѓу луѓето, а севкупниот ризик за јавноста е многу низок. Работиме со NHS EI за да контактираме со луѓе кои биле во близок контакт со случајот пред да ја потврдаи нивната инфекција за да ја разгледаат и да дадат помош. UKHSA и NHS имаат добро воспоставени процедури за контрола на инфекции за да се справат со увезените заразни болести и тие строго ќе се почитуваат.“

Болеста се пренесува на луѓето со каснување од крлеж или контакт со крвта или ткивото на заразениот добиток.

Сепак, преносот на луѓе може да се случи со контакт со крвта и другите телесни течности на заразено лице или меѓу болничките пациенти доколку медицинската опрема не е правилно стерилизирана откако ќе се употреби на заразено лице.

СЗО предупредува дека епидемиите на CCHP се закана за јавните здравствени услуги и потенцијално резултираат со појава на болести во болниците и здравствените установи.

Симптоми на вирусот

Симптомите на вирусот се појавуваат ненадејно и вклучуваат треска, болки во мускулите, вртоглавица, болки во вратот и вкочанетост, болки во грбот, главоболка, болка во очите и чувствителност на светлина.

Луѓето исто така може да страдаат од гадење, повраќање, дијареа, болки во стомакот и болки во грлото, придружени со остри промени во расположението и конфузија.

Други знаци вклучуваат осип во устата и грлото, забрзано чукање на срцето и зголемени лимфни јазли.

Hyalomma

Еден вид крлеж

Крлежите Hyalomma се главните носители на Кримско-Конго хеморагичната треска.

Официјалните лица ги советуваат сите оние што ги посетуваат земјите, вклучително и Балканот, Африка, Блискиот Исток и Азија, да користат средства за заштита од крлежи и внимателно да ја проверат облеката и кожата за да не закачиле некој крлеж.

Болеста за прв пат била откриена на Крим во 1944 година и била наречена Кримска хеморагична треска.

Но, во 1969 година, лекарите сфатиле дека патогенот што ја предизвикал болеста е одговорен за болеста идентификувана во Конго во 1956 година. Ова довело до тоа вирусот да биде наречен Кримско-Конго хеморагична треска, за да ги опфати двете локации, пишува DailyMail.