Луѓето кои умираат од тежок Covid-19 имаат абнормалности на мозокот кои наликуваат на промените забележани кај Алцхајмеровата болест – акумулација на протеини карактеристични за болеста, откриле мали студии.
Alzheimer предизвикува акумулација на белковини тау во мозочните клетки и абнормална количина на бета-амилоид протеин што се акумулира во амилоидните плаки.
Истражување
На Универзитетот Columbia, д-р Andrew Marks и соработниците ги проучувале мозоците на 10 пациенти со Covid-19 и откриле дефекти во протеините наречени рианодински рецептори кои го контролираат преминот на калциумот во клетките.
Кај Alzheimer, неисправните рианодински рецептори се поврзани со акумулацијата на тау протеинот во таканаречените неврофибриларни “топки”.
Тие “топки” биле присутни на високо ниво во мозокот кај пациентите со Ковид-19, објави тимот од Колумбија во четвртокот во списанието Alzheimer’s & Dementia.
Други истражувачки тимови барале и пронашле абнормални нивоа на амилоид во мозокот кај пациентите со Covid-19, според нерецензирани студии објавени на bioRxiv и во списанието Lancet.
Во сите студии, пациентите ги имале најтешките форми на Covid-19.
Врската помеѓу Alzheimer и Covid
“Доколку се случат слични промени во мозокот на пациентите со полесна болест, тоа би можело да помогне да се објасни „мозочната магла“ поврзана со долготрајниот ковид”, рече Marks.
“Пациентите со тежок облик на Covid-19 би можеле да бидат изложени на поголем ризик од деменција подоцна во животот, но прерано е да се знае”, додаде тој.
“Ако заболите од Covid-19, веројатно нема да умрете, но сè уште не знаеме многу за долгорочните ефекти”, пренесува HINA.



















