МНОГУ ЛОША НАВИКА | Сакате да мавнете по една-две ? И виното може да биде штетно по здравјето

1452

По внимателна анализа на податоците, истражувачите откриле дека виното минимално штити од исхемична срцева болест.

Сите знаеме дека прекумерното консумирање алкохол е штетно. Но, што е со само неколку чаши неделно? Имено, црвеното вино содржи антиоксиданси, па затоа треба умерено да биде добро за здравјето, пишува Science Alert. Но, дали е тоа навистина така?

Некои студии покажаа дека оние кои пијат малку до умерено имаат помали шанси да добијат срцев удар од оние кои целосно избегнуваат да пијат. Виното е вклучено дури и во умерени количини во медитеранската исхрана која е една од најздравите на планетата.

Но, новата студија заснована на мноштво податоци од Англија сугерира дека кривата на пената во облик на буквата „J“ или „U“ се заснова на лоши научни поставки бидејќи консумирањето помалку од моментално препорачаниот број на пијалоци неделно е поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.

Виното заштитува минимално

“Таканаречената крива во облик на буквата „Ј“ на врската помеѓу кардиоваскуларните болести и консумирањето алкохол, која сугерира здравствени придобивки од ниската до умерена потрошувачка на алкохол, е најголемиот мит откако ни е кажано дека пушењето е добро за нас“, изјави кардиоваскуларниот физиолог Rudolph Schutte од Универзитетот Anglia Ruskin (ARU).

Истражувачите ги прегледале податоците од UK Biobank, кои во својата банка имаат 333.259 корисници на алкохол и 21.710 луѓе кои никогаш не пиеле алкохол. Тие ги анализирале речиси седум години и евидентирале кога некој од нив има цереброваскуларни или кардиоваскуларни болести или нарушувања.

По внимателна анализа на податоците, истражувачите откриле дека виното минимално штити од исхемична срцева болест, но не е поврзано со други кардиоваскуларни проблеми.

Алкохолот е една од водечките причини за смрт

За други алкохолни пијалоци како пиво или жестоки пијалаци, дури и за луѓе кои консумираат помалку од препорачаниот број неделни пијалаци од 14 единици неделно (единици пијалаци можат да се пресметаат со равенката: процент на алкохол (%) x кличина на пијалак (ml) / 1000 = алкохол единици ), резултатот од истражувањето изгледал многу полошо.

„Луѓето кои пиеле пиво и алкохолни пијалаци, дури и оние кои консумирале помалку од 14 единици неделно, имале зголемен ризик да завршат во болница поради кардиоваскуларни болести“, рече Schutte.

„Иако слушаме многу за тоа дека оние кои пијат вино имаат помал ризик од коронарна срцева болест, нашите податоци покажуваат дека ризикот од други кардиоваскуларни заболувања не е намален“, истакна Schutte.

Заедно со другите студии кои откриле дека алкохолот е една од водечките причини за смрт и болести ширум светот, сега можеби е вистинското време да се донесат дополнителни одлуки и да се намали консумацијата на алкохол.