Научниците откриваат | Женската ејакулација доаѓа во две форми

1553

На што помислувате кога ќе го слушнете терминот „женска ејакулација“? Всушност, можеби е најдобро да го задржите одговорот за себе.

Научниците дошле чекор поблиску до дефинирање на овој контроверзен феномен со тоа што ги направиле првите ултразвучни скенирања на жени кои излачувале големи количини течност за време на оргазам.

Некои жени исфрлаат течност од уретрата кога доживуваат оргазам. Кај некои се работи за мали количини на млечно бела течност и тоа технички е женски ејакулат. Други жени изјавиле дека „прскаат“ многу поголеми количества течност, толку многу што на прв поглед може да изгледа како да мократ.

Неколку помали студии сугерирале дека тоа млечно бела течност потекнува од парауретралните (Skené-ови) жлезди, ситни жлезди кои се излачуваат во уретрата. Некои од медицинската заедница веруваат дека овие жлезди се слични на машката простата, иако нивната големина и форма многу се разликуваат од жена до жена, а нивната точна функција сè уште не е позната.

Оргазам во лабораторија

За да ја истражи природата и потеклото на течноста, Samuel Salama, гинеколог во приватната болница Parly II во Франција, заедно со неговите колеги поканиле неколку жени кои по сопствено признание произведуваат големи количества течност за време на оргазам и до полна чаша.

Од овие жени прво беше побаран примерок од урина. Ултразвучното скенирање на карлицата потврдило дека нивниот мочен меур е целосно празен. Жените потоа биле стимулирани, сами или со партнер, додека не дошле до оргазам, за што им биле потребни 25 до 60 минути.

Потоа е направен втор ултразвук на карлицата непосредно пред да стигнат до менопауза. Во моментот на оргазам, исфрлената течност била собрана во кеса и било направено завршно скенирање на карлицата.

И покрај тоа што жените уринирале непосредно пред почетокот на стимулацијата, второто скенирање, она што било направено непосредно пред оргазмот, покажало дека мочниот меур им е целосно полн. Последниот ултразвук кај секоја жена покажал празен мочен меур, што значи дека течноста која жената ја ејакулира за време на оргазам речиси сигурно доаѓа од мочниот меур.

Направена е хемиска анализа на сите примероци од ејакулатот. Кај две жени немало разлика помеѓу хемикалиите кои се наоѓаат во нивната урина и оние во течноста што се ејакулирала за време на оргазмот.

Останатите пет жени имале мали количества на специфичен антиген за простата (PSA), кој обично се врзува за машкиот ејакулат, каде што неговото присуство ѝ помага на спермата да плива. Кај жените, вели Salama, PSA главно се произведува од парауретралните жлезди.

 

Два вида течност

Неврофизиологот од Универзитетот Rutgers во Newarku, Beverly Whipple, вели дека терминот женска ејакулација треба да се однесува само на производството на мала количина на млечно бела течност која се јавува за време на оргазам, а не на „прскање“ со кое се занимавало ова истражување.

„Оваа студија покажува уште два вида течности кои може да се излачат од уретрата на жената – самиот урин и урината разредена со супстанции од женската простата“, вели Whipple.

„Ова истражување обезбедило убедлив доказ дека ејакулатот кај жените е хемиски сличен на урината, како и дека содржи мали количини на PSA кој е присутен во вистинската ејакулација на мажите и жените“, вели Barry Komisaruk, од Rutgersa.

„Оваа студија помага да се реши контроверзноста околу течностите за кои многу жени велат дека се ослободуваат за време на оргазмот“, додава Komisaruk. „Очигледно има две различни течности, со два различни извори. Дали една од овие течности има и физиолошка улога, односно дали има некаква адаптивна функција, не е познато.“

Florian Wimpissinger од болницата Rudolfstiftung во Виена тврди дека причината за присуството на PSA во ејакулатот на некои, а не на сите жени може да биде тоа што емисиите од парауретралните жлезди може да патуваат до мочниот меур за време на оргазмот. А може да има и нешто со познати варијации во обликот и големината на жлездата, или можеби некои жени воопшто не произведуваат PSA.

Секоја жена е способна

“Зошто некои жени ги доживуваат овие различни форми на ејакулација, а други не, сè уште не е јасно, вели Salama, но тој е убеден дека секоја жена е способна да ејакулира, „ако нејзиниот партнер знае што прави“.

Salama моментално работи на тестови за да провери дали бубрезите работат побрзо за да произведуваат урина за време на сексуалната стимулација, и ако е така, тогаш зошто.