Потребно
- 300 г кратка паста
- 200 г исчистени ладни ракчиња
- 10-12 шери домати
- 350 г свежи печурки
- неколку страка зелен кромид или една глава стар
- 4 лукчиња
- сол, црн пипер
- маслиново масло
- лимон
Подготовка
- Ставете ја пастата да се вари според инструкциите на пакувањето.
- Непосредно пред да ја извадите од топлина, додадете и ракчиња кон неа.
- На нив ќе им требаат околу 2-3 минути, по што може да ги исцедите.
- Во тава загрејте неколку капки маслиново масло и ставете исечени кромид, лук и шери доматките.
- По околу 5 минути додадете исечени печурки, малку сол и црн пипер.
- Кога ќе поомекнат може да ја додадете пастата и ракчињата.
//