Најчестите митови и стереотипи за депресијата

1331

Како се чувствуваат луѓето кои страдаат од депресија? Зошто, иако е честа, сè уште е обвиена со митови и стереотипи?

Прочитајте ги најчестите митови во врска со депресијата и не избрзувајте со заклучоци:

Депресијата е тага

Постојаната тага е само еден симптом на депресијата. Кај овие луѓе постојат и радост и смеа, но често ги употребуваат за да го потиснат она што им се случува.

Депресијата е измислена

Ова е најголемата заблуда и затоа советите како „тоа е во главата“ и „излези и прошетај“ нема да донесат ништо добро на оној кој страда.

Депресијата е последица на стрес

Депресивните епизоди може да се појават и без да им претходи стрес. Затоа и оние кои страдаат треба да побараат помош што порано, а вие треба да бидете тука за нив.

Антидепресивите се единствен начин за лечење

Антидепресивите помагаат при справување со симптомите, но целокупното лечење освен што е долготрајно, бара и многу труд и промени во начинот на живеење.

Депресијата не влијае на физичкото здравје

Депресијата и тоа како има влијание врз физичката состојба на телото. Предизвикува несоници, губење на апетитот или негова силна изразеност, слаба енергија, намалено либидо, па дури и губење на меморијата.

Депресијата им се случува на психолошки слабите лица

Ова е еден од најчестите митови, со оглед на тоа што депресијата може да се појави кај секого, без разлика на целокупното здравје, исполнетоста на животот, финансиските примања…

Депресијата е краткотрајна

Епизодите на депресијата може да бидат кратки, помалку од една недела, но често се враќаат повторно. Затоа не смеете самите да се справувате со неа, туку треба да побарате помош.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.