Ролни со лосос

1736

Потребно

За палачинките

  • 2 јајца
  • околу 2 чаши млеко
  • околу 2 чаши брашно
  • маслец

За филот

  • 350 г крем сирење
  • 400 г чаден лосос
  • 10 парчиња каперси
  • 2 кисели краставички
  • неколку страка копар

Подготовка

Најнапред подгответе ги палачинките, со комбинирање на сите состојки. Потоа во добро загреана тава стопете мала количина маслец и ставете малку од тестото. Се шири добро со кружни движења и по околу минута-две се вртат палачинките.

Кога палачинките се подготвени може да направите и ролни. Во сад се комбинираат крем сирењето заедно со сецканиот копар, каперси и краставички. Намачкајте ги палачинките и потоа наредете го лососот. Намотајте и исечете ги на ролни со големина околу 2-2,5 см.