РАК | Доблести и маани

1411

Рак – Како да се снаоѓате секогаш во изразувањето на своите квалитети и способности.

Вие сте ретка комбинација на силна интуитивна способност, со длабоки емоции и жив аналитички ум. Вие, исто така, можете да чувствувате и да мислите еднакво длабоко, што ви дава интуитивна интелигенција која знае како да дејствува со леснотија и природно.

Сакате да уживате и способни сте да почувствувате големо сензуално задоволство. За жал, понекогаш, дозволувате со своите прекумерни чувства (кои знаат да преминат во песимизам и меланхолија), да дојдат до израз и да ја преплават логичката и аналитичката моќ на вашиот развиен ум. Често длабоко во себе, страдате поради емоционалното незадоволство.

Вие сте свесни дека вашето (не)расположение влијае на вашиот изглед, а кога, така понекогаш, се чувствувате лошо, вие сакате, буквално, да избегате и да се сокриете од целиот свет, и се повлекувате во својата кула на осаменост до моментот (затоа што сте деца на Месечината, и се однесувате како и Месечевите мени, за момент “растете” или “паѓате”, односно со променливо сте расположение), кога повторно ќе дојдете на светлината на денот (да не кажам ноќта, поради Месечината), светли, весели и секогаш подготвени за шега.

Треба да научите со оптимизам да се борите против своите негативни емоционални фази. Совладување на своите и разбирање на чувства на другите, е вашата примарна задача. Контролата на емоциите и дипломатијата ќе ви овозможат да доминирате во многу ситуации. Зад вашата привидна нежност, се крие железна одлучност. Кога им се препуштате на своите каприциозни расположенија, вие ја криете вистинската, сјајна природа на Ракот, која сјае зад емотивните облаци.

Совет за вас е – да ја развиете и вежбате својата интуиција, за да можете во вистинско време да знаете во која насока треба да одите. Позитивен креативен пристап кон животот, физичката активност, развојот на духовните способности и умереноста, тоа се факторите кои им помагнат на Раковите, секогаш да бидат на позитивната страна на животот.