Лав – Давате изглед на лице со царско држење.
Не е чудно, ако се знае дека лавот е крал на џунглата, а знакот на Лав, кралот на Зодијакот, затоа што Сонцето е владејачката планета на Лавовите, ѕвездата околу која се вртат сите планети.
Немојте затоа да бидете горди и арогантни. Користете го она најважното што ви е дарувано од вашиот знак – доблеста на самопочитувањето и огромната самодоверба, но мора при тоа да ги вреднувате и другите.
Вие сте кралици и кралеви на Зодијакот, силни личности, со несекојдневен висок напон, кои директно и без страв приоѓаат кон сè во животот. За вас борбата е некој вид на стимулација, бидејќи во својата природа, носите нешто витешко, без разлика дали сте жена или маж. Поседувате огромна витална енергија, како и способност да поттикнете и ги насочите другите луѓе во нивниот секојдневен живот.
Полни сте со самодоверба и самите се придвижувате. Вие имате големо и топло срце. Она што ја попречува и ја деградира вашата прекрасна природа е посесивноста, љубомората и повремента ароганција. Главното средство за смирување на вашата експлозивна личност е контрола на прекумерниот излив на страст, бес, премногу силни емоции, како и негување на смислата за хумор.
Научете да простувате и да ги поттикнувате благородните страни на вашиот карактер. Вашата магнетската привлечност и природното достоинство ве прават многу омилени кај спротивниот пол. Копнеете за љубов и повеќе од било кој друг знак умеете да ја привлечете кон себе.
Само не бидете незадоволни, ако не сте секогаш во центарот на вниманието, особено на оние кои ги сакате. Ако ја вежбате и практикувате самоконтролата, ќе блескате во секоја ситуација. Вие сте одлична личности, кога сте она што всушност и сте; кога ќе се најдете во ситуација да не можете да промените ништо од она што ве загрижува, ќе најдете нешто со што тоа ќе го компензирате. Секогаш сте победници, што и да ви се случува!



















