Домашно баунти

2655

Потребно

200 мл кондензирано млеко (или слатка павлака)

150 грама кокос

400 грама шеќер во прав

400 грама чоколадо (млечно или со поголем процент на какао)

Подготовка

  • Во сад сипете го млекото и додајте ги трошките кокос.
  • Додадете го и шеќерот и сето тоа заедно добро измешајте го додека не добиете густа кремаста маса.
  • Сипете ја смесата во калапи или во правоаголен сад и ставете ја во ладилник сосема да се излади.
  • Штом смесата се стврдне, извадете ја од калапот или исечете ја на правоаголници.
  • Едно по едно парче потопувајте ги во стопеното чоколадо и потоа повторно ставете ги сите парчиња во ладилникот додека чоколадата сосема не се стврдне.