Неколку корисни совети за во домот

1850

– Ако забележите непријатна миризба во фрижидерот, овој мирис ќе го неутрализирате ако во него ставите сад со сода бикарбона или кафе. Состојката во садот менувајте ја на секои два месеца.

– Ако забележите мравки посипете сода бикарбона на местата на кои се појавиле, тие многу брзо ќе се исчезнат.

– Мирисот кој се шири додека готвите зелка ќе се неутрализира ако во неа додадете малку оцет.

– Кристалните и стаклените садови ќе го вратат својот сјај ако пред миење добро ги истриете со смеса од еднаква количина оцет и изрендан компир. Потоа садовите измијте ги со млака вода (никако ладна) и избришете ги со памучна крпа.

– Ако имате алуминиумски садови кои Ви потемнеле од употреба, во нив сварете кора од јаболка и тие ќе ја вратат својата боја.