Предностите на биокозметиката

2087

Биокозметиката се карактеризира со понудата на чисти и природни производи, наменети за секаков тип на кожа.

Често пристапуваме кон овој дел на индустријата со одредена доза на скептицизам, бидејќи сме се приврзале кон одреден производ и тешко можеме да се разделиме со него.

Втората најраспространета причина за тешкото преземање на овој чекор е заблудата дека природните состојки не дејствуваат брзо и ефикасно против дадени проблеми.

Вистината е дека биокозметиката е многу попогодна и поубава за човечката кожа од кои и да е други производи.

Ова се должи на чистото потекло, недостатокот на конзерванси, бои и мириси – главните причини за развој на алергии, појава на црвенило, чешање и дури и засилување на веќе постоечките кожни проблеми.

Ги презентираме главните предности на биокозметиката пред стандардната и силно препорачуваме да ја пробате и вие.

1. Биокозметиката е составена без употреба на хемикалии, пестициди или какви и да било нивни деривати.

Употребата на производи од овој тип отстранува една од главните грижи – содржината на штетни и дури, ненајавени на етикетата, состојки кои често се причина за бројни проблеми.

Да не заборавиме дека токму кожата е главната “бариера” на телото и кога ќе нанесеме какви и да било хемикалии врз неа, тие влегуваат директно во организмот.

2. Освен што биокозметиката е исклучително добра опција за кожата и телото, таа е многу погодна за природата.

Одгледувањето на различните состојки бара чиста почва и добри временски услови.Помалку зависните производи од пестицидите и биолошките методи, се еколошки и ги чуваат повисоките нивоа на јаглерод во почвата.

3. Биолошките производи се совршен финиш на изреката: “Здрав дух во здраво тело”.

Прекрасниот изглед и беспрекорна кожа во склад со режим на исхрана, е потпрен главно врз присуството на овошје и зеленчук.

Природните состојки, приготвени преку специјални технологии, ретко можат да бидат штетни за кожата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.