Еве колку време ви треба за да се опуштите пред партнерот

1567

Колку и да сакаме некого, некои работи тешко се прават пред таа личност. Особено кога станува збор за емотивен партнер.

Потребно е време да се опуштиме и да започнеме да се однесуваме како што би се однесувале кога би биле сами.

Едно британско истражување во кое учествуваа нешто повеќе од 1.000 луѓе покажа колку време треба да се опуштиме пред партнерот.

Идејата за спиење голи, заедно, станува прифатлива за мажите по 2,8 месеци во просек, додека на жените им треба уште еден месец да се релаксираат толку многу, па затоа ќе го сакаат по 3,9 месеци врска.

Мажите се подготвени да шетаат без облека по нешто повеќе од три месеци, а жените по четири и пол месеци љубов.

Во просек, луѓето престануваат да ја затвораат вратата од бањата по девет месеци, но користењето тоалет додека саканата личност е во иста просторија станува прифатлива по приближно 11 месеци.

Иако на жените во просек им треба еден месец повеќе да се опуштата да остават четката за заби или неизместениот кревет со партнерот, интересно е што дамите ќе започнат да го „душкаат“ телефонот на партнерот порано отколку што мажот ќе го зграпчи мобилниот телефон на неговата понежна половина.